Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Градежни зафати од 128 милиони евра: Издадени 469 дозволи, ќе се градат 1.037 станови

14 јул. 2025 г.·2 мин читање·3574 прегледи

Следете не на Viber

Се интензивираат активностите во градежниот сектор – во мај се издадени 469 одобренија за градење. За 80,4 насто повеќе во однос на истиот месец минатата година. Најголемиот дел се однесуваат за високоградбата, од каде што ќе произлезат 1.037 станови. Вообичаено, најмногу станови ќе имаат адреса во Скопскиот регион, првенствено во Центар.

Вредноста на предвидените објекти изнесува 7,87 милијарди денари (околу 128 милиони евра), што е за 34,1 насто повеќе во споредба со мај 2024 година, информираат од Државниот завод за статистика.

Според структурата, 255 дозволи или 54,4 проценти, се дадени за објекти од доменот на високоградбата, 104 (22,2%) за нискоградба, а 110 (23,5%) за реконструкција. Состојбата меѓу инвеститорите е речиси избалансирана. Во 237 објекти (50,5%) инвестираат физички лица, а во 232 (49,5%) – деловни субјекти.

Притоа, предвидена е изградба на 1.037 нови станови со вкупна корисна површина од 90.813 метри квадратни.

Од регионален аспект, Полошкиот регион предничи со 146 издадени одобренија, односно градежен замав има во Тетово, Гостивар и околината. Таму ќе се изградат 295 станови, од кои 161 во Тетово, а 88 во Гостивар.

Според дозволите, следува регионот на Скопје. Издадени се 86 одобренија. По планираните станови, главниот град со околината немаат конкуренција. Тука ќе се изградат најмногу станови – 441. Од нив, дури 276 ќе бидат со адреса во Општина Центар.

Североисточниот регион, пак, бележи најниска градежна активност со само шест издадени одобренија во мај.

 

Клучни зборови

  • високоградба
  • градежништво
  • Државен завод за статистика
  • нови станови
  • одобренија за градба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk