Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ѓорѓиевски: Ја почитуваме одлуката на КЗК, казната е плод на претходното раководство

27 ное. 2025 г.·2 мин читање·5542 прегледи

Следете не на Viber

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата е за дејствија кои се случувале во февруари 2025 година, во кои Сојузот на стопански комори е вовлечен од предходното раководство, непочитувајки ги структурите и кршејќи го статутот на ССКМ, се вели во соопштението што го упатија до јавноста.

„Ова се плодовите на работењето од предходното раковотство во Сојузот на стопански комори на Македонија кои се потврдуваат со паричната казна добиена од Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и нарушување на угледот на ССКМ и една од големот број причини за кои е разрешено едногласно предходното раководство на вонредното собрание во јули 2025 година. Како нов преседател на Сојузот на стопански комори на Македонија ќе ја почитуваме одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата и изречената финансиска казна и во оваа прилика би истакнал дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој сe формираат цените“, е ставот на првиот човек на СКСМ, Горан Ѓорѓиевски.

ССКМ е организација која повеќе од две децении работи во интерес на компаниите, стопанството и економскиот развој, почитувајки ги законските рамки и принципите на професионалност, транспарентност и независност. Нашата улога отсекогаш е да обезбедиме поддршка, информираност и размена на добри практики без какво било влијание врз деловните одлуки на компаните или нивните пазарни политики – наведуваат од ССКМ.

Реакцијата доаѓа по вчерашната одлука на КЗК, според која четири големи маркети се казнуваат со по 50 илјади евра, а СКСМ како координатор на здружувањето и заедничкиот настап, со 18,6 илјади евра, затоа што го прекршиле членот 59 од Законот за заштита на конкуренцијата. Притоа, како што беше наведено од Комисијата, изречените прекршочни санкциии имаат за цел „превенција на идни нарушувања и заштита на потрошувачите и пазарната конкуренција“.

Клучни зборови

  • Горан Ѓорѓиевски
  • Комисија за заштита на конкуренцијата КЗК
  • Сојуз на стопански комори
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk