Некогаш било предградие до кое, како попатна станица до Охрид, се стигнувало со легендарното вовче нарекувано Пампурче или Ќиро. Денес е општина во развој. Но, се вели дека оттогаш останало жителите на Ѓорче Петров да кажуваат – одиме во град, мислејќи на Скопје.
Оваа е една од ретките општини во Македонија каде што населението не само што не се намалува, туку и се зголемува. Тоа го покажуваат податоците од пописот, според кои, во 2021 година биле регистрирани 44.844 жители, за 7,7 насто повеќе отколку во 2002 година. Веројатно, голем придонес за тоа има локалната економија. Општината со име на еден од најголемите македонски револуционери е седиште на бројни компании од повеќе индустрии: градежната, хемиската, текстилната, прехранбената, металопреработувачката… Тука се и занаетчиството, услужната и трговската дејност.
Сликата за успешноста на бизнисите се добива од анализата што порталот Пари, во соработка со Бизнис Мрежа, ја направи за работењето на најдобрите компании во 2024 година. Резултатите се солидни. Десетте компании со највисоки приходи имаат заедничко остварување од 125,4 милиони евр…