Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Дали Google ви должи пари?

8 мај 2020 г.·3 мин читање·155 прегледи

Следете не на Viber

Сте се запрашале ли кој е производот на Google? Дали е пребарување? Андроид? Нивните мапи? Никој од нас не плаќа ништо за тие услуги, иако Google има огромни трошоци за да може да ги дава тие услуги.

Тогаш кој е производот на Google? Производот сте вие. Бидејки секој пат кога користите било која нивна услуга, тие добиваат и користат лични информации кои се складираат во нивната енормна датабаза. 

Но битно е да се напомене дека вашите податоци имаат вредност. Создаваат канал помеѓу вас и компанијата што се рекламира. 

Google ќе складира податоци за вас, базирани на одредени параматри со други слични корисници, и ќе ги “спакува” тие информации, за да ги продаде на компанијата која ќе наддаде најмногу пари. Целиот овој процес се нарекува Data Mining. 

Секој пат кога мора да гледате реклама на YouTube, е еден обичен пример кога некој заработува пари од процесот на Data Mining. Не сакаме да кажеме дека има нешто лошо со овој бизнис модел. На крајот на денот, сите ние добиваме огромна вредност со користење на голема палета на алатки и услуги, кои се бесплатни. 

Само сакаме да ги ставиме работите во перспектива. Во 2016, Google заработи околу 80 милијарди долари од овој процес на Data Mining. Тие имаат околу 4 милијарди активни корисници. Тоа значи дека Google во просек заработува 20 долари годишно од вашите податоци. 

Во одредена бизнис релација, банките заработуваат пари кога и ние заработуваме пари. Но кога Google заработува со нашите податоци, ние не заработуваме ништо. Тоа е поради фактот што ние не сме сопственици на нашите податоци. Истото се однесува и за Twitter, Facebook, LinkedIn или било која друга голема платформа.

Сите ние имаме “потпишано” согласност, некаде на страна 123 на нивните исцрпни услови на користење, дека се согласуваме дека немаме право врз нашите податоци. Овој договор помеѓу нас и големите интернет компании ги создава околностите за сите тие услуги кои големите компании ги даваат, да бидат бесплатни.

Звучи фер, нели?

Ама можеби, има и друг начин. Како би било кога, сите наши податоци би биле складирани во една централна банка за податоци, и таа банка да им наплаќа на Twitter, Facebook и Google за користењето на тие податоци? И секако, за да може тоа централната банка за податоци да го прави, таа ќе ни дава нас, на корисниците, камата. 

Секако дека технички, овој начин би бил остварлив, но дали може практично да се изведе, со договарање на сите 3 страни? Тоа е побитното прашање.

Клучни зборови

  • data mining
  • Facebook
  • Google
  • Twitter
  • бизнис модел
  • датабаза
  • лични податоци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk