Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Google под истрага на ЕУ заради услугите за рекламирање

24 јун. 2021 г.·2 мин читање·3073 прегледи

Следете не на Viber

Европската комисија започна истрага за да утврди дали Google ги крши правилата за интернет рекламирање пропишани од страна на конкуренцијата во Европската унија.

Гугл е една од водечките светски компании во секторот за рекламирање преку Интернет, а исто така обезбедува и услуги за посредување при рекламирање, особено преку сервис услугата Display Network.

„Гугл собира податоци што потоа се користат за насоченото рекламирање, продава простор за рекламирање и обезбедува услуги за посредување во рекламирањето“, објасни потпретседателката на ЕК, Маргрет Вестагер, на прес-конференција.

„Ова значи дека Гугл е присутен во скоро сите нивоа од ланецот за снабдување со рекламирање преку Интернет. Загрижени сме што конкурентските услуги за интернет рекламирањето, на Гугл му го отежнуваат пазарот за целиот рекламен комплекс“, додаде европскиот официјален претставник.

Брисел сака да се спроведе истрага за да се утврди дали американскиот софтверски гигант ги фаворизира сопствените услуги за рекламирање преку Интернет и со тоа ги прекршил европските прописи за конкуренција на пазарот.

Истрагата треба да покаже како влијае на пазарот условот од Google за клиентите да поставуваат реклами на пример на услугите „Display & Video 360“ на YouTube и „Google Ads“ и дали со тоа се ограничува пристапот на другите компании до корисничките податоци што се користат за рекламирање.

„Услугите за рекламирање преку Интернет се клучен инструмент со кој Гугл и издавачите ги монетизираат своите Интернет услуги“, рече во вторникот потпретседателката на Европската комисија Маргрет Вестагер.

Секторот за рекламирање преку Интернет се разви добро за да може да ја искористи сеприсутноста на паметните телефони и компјутерите во секојдневниот живот. Тие ги користат милиони луѓе во Европа, а издавачите преку Интернет рекламите се обидуваат да ги надоместат изгубените приходи од објавувањето на бесплатните содржини.

ЕК наведува дека само во 2019 година биле издвоени 20 милијарди евра за рекламирање преку Интернет.

Клучни зборови

  • гугл
  • Интернет услуги
  • рекламирање
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk