Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Гудвил – износ на добрата репутација и стекнатиот имиџ на компанијата

9 мај 2020 г.·2 мин читање·896 прегледи

Следете не на Viber

Во секојдневното работење и живеење опкружени сме со компании кои се препознатлив бренд за храна, облека, транспорт или најразлични услуги. Најчесто таквите компании се синоним за квалитет, доверба и сигурност.

Дали некогаш сте се запрашале како може да се измери ваквата вредност на компаниите? Дали може да се измери нивниот бренд, репутација, квалитет и сигурност? И ако може да се искаже како вредност, дали воопшто некаде е запишана во финансиските извештаи на овие компании?

Во финансиската проблематика и сметководството, под поимот гудвил се искажува ваквата вредност на компаниите.

Гудвилот ја претставува разликата на пазарна вредност на компанијата и проценетата вредност на средствата на компанијата искажана во финансиските извештаи. Износот на гудвил се евидентира само во случај кога компанијата се купува, зашто само тогаш гудвилот сметководствено може да се признае како средство на компанијата.

Гудвилот претставува средство на компанијата кое не може самостојно да се идентификува затоа што е под влијание на низа внатрешни и надворешни фактори (солиден менаџерски тим, лојални купувачи, посветеност и ефикасност на вработените, пазарна позиција, задоволството на купувачите и нивната доверба во компанијата) и затоа пазарот е тој што ја одредува неговата вредност.

Во финансиските извештаи, гудвилот како средство на компанијата се вбројува во нематеријални средства – дел од постојаните средства кои немаат физички облик, но нивната вредност за компанијата е од големо значење.

Нематеријалните средства имаат карактер на постојани средства затоа што од нив се очекува да генерираат идна економска корист за компанијата која ги поседува. Затоа и гудвилот е дел од нив – тоа е средство кое се создава при купопродажбата на бизнисот и кое му носи одреден дополнителен бенефит на сопственикот во иднина над вредноста на приносот од неговите средства. Така, гудвилот претставува износ кој се плаќа за добрата репутација и стекнатиот имиџ на компанијата на пазарот.

Клучни зборови

  • бизнис
  • вредност
  • гудвил
  • економија
  • книжење
  • компанија
  • репутација
  • сметководство
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk