Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Големи штети за глобалната економија од кибернападите – НБ одржа работилница за јакнење на отпорноста на финансискиот систем

4 апр. 2024 г.·4 мин читање·628 прегледи

Следете не на Viber

Според одредени анализи, годинава кибернападите ќе ја чинат глобалната економија 9,5 трилиони американски долари, а во наредните две години загубата би се зголемувала со стапка на раст од околу 15%. Ова укажува на потребата од зголемен интерес за киберотпорноста, преку соработка и развивање глобални стандарди за киберотпорност на финансискиот сектор, зајакнување на регулативната рамка, размена на информации и искуства и зголемување на дигиталната писменост и свесност за ризиците на корисниците на финансиските услуги. Народната банка постојано воведува и ги јакне регулативните барања за дигитална отпорност коишто банките треба да ги исполнуваат.

Ова беше посочено од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на работилницата „КИБЕРОТПОРНОСТ: Примена на новите технологии, предизвици и можности за поефикасна заштита на корисниците на платежните услуги“ на која присуствуваа претставниците на банките. Во дискусијата учествуваа и професорот Александар Ристески од ФЕИТ, Горан Јанкоски, главен супервизор за информативните системи во Народната банка, Игор Давчевски, член на Управниот одбор на „НЛБ банка“ и Кирил Бухов, директор на ИТ-секторот во „Халк банка“.  

Во своето обраќање гувернерката посочи на трансформативниот потенцијал на финтек-секторот, којшто придонесува за поефикасни, побрзи и подостапни финансиски системи и зa поголема финансиска вклученост, а со тоа и економски раст. Сепак, укажа на сериозноста на предизвиците коишто ги носат новите технологии. „Се проценува дека на дневна основа има повеќе од 2.200 напади, односно еден напад на секои 39 секунди, додека финансиската индустрија традиционално е прва на листата по бројот на кибернападите, особено во услови на зголемени геополитички тензии и неизвесност“, посочи Ангеловска-Бежоска. Таа истакна дека паралелно со следењето на светските трендови при воведувањето нови типови дигитални банкарски услуги, неопходно е и воведување соодветни организациски и технички мерки за заштита од нападите од дигиталниот простор, како употреба на софистицирани софтверски алатки за заштита со примена на вештачка интелигенција, зголемена меѓусебна соработка, ангажирање квалитетен кадар итн.

Главниот одговорен супервизор за информативните системи при Народната банка, Јанкоски, посочи дека во согласност со новата платежна регулатива се бара воспоставување мерки за информирање на корисниците за примената на нова технологија и канали за нивна поддршка, обезбедувањето можност за намалување на ограничувањата за одделни плаќања и оневозможувањето на платежните услуги при сомнителни трансакции.

На настанот, посебно внимание се обрна на улогата на вештачката интелигенција во јакнењето на киберотпорноста.

Професорот Ристески истакна дека вештачката интелигенција, како и секоја друга технологија, е достапна за банките и за корисниците на нивните услуги, но за жал и за злонамерните субјекти при планирањето и изведувањето на нивните активности. Тој укажа и на значењето на јакнењето на општата свест за киберзаканите, а со тоа и на подобрувањето на сигурноста при користењето на платежните услуги.

„Примената на вештачката интелигенција во справувањето со злоупотребите во дигиталниот простор може значително да ја подобри киберотпорноста, особено во утврдувањето на најефикасните одбранбени стратегии од различни видови напади“, посочи Игор Давчевски, член на Управниот одбор на „НЛБ банка“.

„Како што системите за заштита стануваат сѐ поефикасни и понапредни, така и злонамерните субјекти ги унапредуваат своите напади, во последно време вклучувајќи и вештачка интелигенција. Голема е веројатноста дека во блиска иднина, заштитата на клиентите ќе се обезбедува преку борба на ВИ против ВИ, во која конечниот победник ќе мора да биде прогласен од страна на клиентот“, заклучи Кирил Бухов, директор на Секторот за операции и ИТ од „Халк банка“.

Народната банка и натаму ќе работи на подигнувањето на свесноста, финансиската и дигиталната писменост на корисниците на платежните услуги заради постигнување поголема финансиска вклученост, безбедна употреба на новата технологија и намалување на ризиците. 

Клучни зборови

  • кибернапади
  • киберотпорност
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk