Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Големата моќ на малата Халк е-касичка

12 фев. 2021 г.·2 мин читање·1607 прегледи

Следете не на Viber

Живееме во време во кое со еден клик можеме да  пронајдеме и купиме се што ни треба. Потребен ни е само телефон или компјутер и платежна картичка. А купувањето со платежна картичка полека, но сигурно, станува доминантен начин на плаќање и го заменува плаќањето со готовина. Но со тоа и штедењето пари станува сè потешко.

Се прашувате дали е возможно да заштедите пари трошејќи ги? Да, возможно е, бидејќи во ова модерно време кое е предводено од технологија и иновации, секојдневно се среќаваме со нови и интересни решенија за сите наши проблеми.

Халкбанк е банка што постојано ги следи дигиталните трендови и ги усовршува своите услуги, па така го создаде и производот Е-касичка, со цел  да им помогне на клиентите да штедат, дури и кога плаќаат со картичка.

Е-касичката на Халкбанк функционира на тој начин што со секое купување, односно со секоја направена трансакција при купување со вашата Mastercard Contactless, одреден износ, зголемен над износот на ПОС трансакцијата, ќе се трансферира на ваша посебна штедна сметка (наменета исклучиво за овој тип штедење).

Притоа, постојат два начини за штедење со Е-касичката на Халкбанк.

Првиот начин е да одберете опција со заокружување на износ до најблискиот цел број. На пример –  доколку купувате кафе од 60 денари,  вие заокружувате на 100 денари. Тоа значи дека на вашата депозитна сметка ќе се трансферираат 40 денари, односно сте купиле, сте потрошиле, а истовремено и сте заштедиле.

Вториот начин е да заокружите фиксен износ кој ќе се трансферира на вашата штедна сметка при секоја трансакција. На пример заштедувате 50 денари од секоја направена трансакција во било кој износ и тој износ се трансферира на вашата посебна штедната сметка.

Со Е-касичката на Халкбанк, секојдневниот шопинг може да стане начин на штедење.

За Халкбанк „Важни се луѓето“, а нивните потреби се приоритет. Во таа насока Халкбанк се стреми кон обезбедување на квалитетни услуги кои ќе им помогнат на луѓето во секојдневните предизвици со кои тие се среќаваат.

Клучни зборови

  • Важни се луѓето
  • Е-касичка
  • пари
  • Халкбанк АД Скопје
  • штедење
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk