Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ГОЛЕМ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА НА 7 АПРИЛ – МЕГА Шопинг Парк нуди повеќе од 500 работни позиции

3 апр. 2026 г.·2 мин читање·1786 прегледи

Следете не на Viber

Во пресрет на официјалното отворање на еден од најголемите проекти во регионот, МЕГА Шопинг Парк Гевгелија ги отвора вратите за сите кои се во потрага по нова кариера и професионален развој. Големиот Саем за вработување ќе се одржи во вторник, на 7 април, во спортската сала ДТВ „Партизан“, каде од 09:00 до 17:00 часот, заинтересираните кандидати ќе можат директно да аплицираат за некоја од повеќе од 500-те отворени работни позиции кај водечките светски и домашни брендови.

Доаѓањето на МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија означува нова етапа за локалната економија и поттик за локалниот пазар на труд. Овој настан е наменет за сите професионалци во секторите продажба, угостителство, логистика и менаџмент кои сакаат да станат дел од првиот голем шопинг комплекс од ваков вид во овој дел на државата.

Официјалниот дел на настанот ќе го отворат генералниот директор на МЕГА Шопинг Парк, г-дин Сотирис Гианакуикис, и градоначалникот на Општина Гевгелија, г-дин Андон Сарамандов. Тие заеднички ќе го означат почетокот на процесот на екипирање на тимовите, ставајќи акцент на значењето на овој проект за зајакнување на деловната клима и создавањето нови перспективи за кадар од Гевгелија и околината.

Во текот на целиот ден, посетителите ќе имаат можност за непосреден разговор со одговорните лица од компаниите, да ги достават своите биографии за повеќе различни позиции и детално да се информираат за условите за работа. Целта е кандидатите на лице место да добијат јасна слика за идните ангажмани и професионалните можности што ги нуди овој центар.

Ги повикуваме сите заинтересирани кои се подготвени за нов кариерен предизвик да ја искористат оваа можност и да станат дел од тимот на најусовремениот шопинг парк во регионот.

Клучни зборови

  • Гевгелија
  • саем за вработување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk