Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаЛичен Развој

Голем нетрговски трансфер: Пренесени 18,98 % од акциите на РЖ Интер-Трансшпед

2 јун. 2026 г.·2 мин читање·1359 прегледи

Следете не на Viber

Во 14 нетрговски трансакции, реализирани во текот на два работни дена, трансферирани се вкупно 112.131 акција од десет котирани друштва.

Високата бројност е поткрепена од трансферите со акции на РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје. Извршени се два преноса, но клучен е првиот со 111.123 обични акции. Оваа количина претставува 18,98 отсто од вкупно издадените акции – 585.399, според податоците од Македонска берза. Вториот пренос е со 22 обични акции. Во последните 52 недели, пак, не е регистрирано ниту едно берзанско тргување.

На двапати се вршени преноси на акции од уште три компании: РЖ Економика е застапена со вкупно 23 акции (2 и 21); Макстил со 60 (38 и 22); и Уготур со 25 (2 и 23).

Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност во средата забележала нетрговски трансфери со 54 акции на Либерти, со 1 на РЖ Техничка контрола, со 14 на РЖ Услуги и со 33 обични акции на АрцелорМиттал Скопје (ХРМ).

Наредниот ден се регистрирани два нетрговски трансфери со најтргуваните акции на Берзата. Подарени се 235 обични акции на Комерцијална банка, чијашто моментална просечна вредност е  26.645,99 денари.

Нетрговски пренос е направен и со 75 обични акции на Алкалоид. Имаат просечна цена од 24.573,91 денар.

Клучни зборови

  • Македонска берза
  • нетрговски трансфери
  • РЖ Интер-Трансшпед
  • Централен депозитар за хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk