Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Годишната инфлација падна под 3 %: храната и земјоделските производи со најголем раст на цените

9 мар. 2026 г.·2 мин читање·3207 прегледи

Следете не на Viber

Во февруари е изменрна инфлација од 2,9 проценти. На годишно ниво цените на мало се зголемени за 1,6 проценти, додека цените на храната бележат раст од 3,3 проценти. Најмногу поскапеле земјоделските производи, за 3,4 проценти, покажуваат последните податоците на Државниот завод за статистика.

На месечно ниво, пак, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот е 0,2 проценти.

Најголем раст на трошоците на животот на месечно ниво е регистриран кај услугите за образование, каде што цените се зголемени за 4 проценти. Поскапувања има и кај облеката и обувките за 1,1 процент, како и кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги, каде цените се повисоки за 0,9 проценти.

Помали зголемувања се забележани и во групите рекреација, спорт и култура, како и алкохолни пијалаци и тутун и наркотици – цените пораснале за 0,3 проценти. Во групите домување, вода, електрична енергија, гас и горива, како и храна и безалкохолни пијалаци трошоците на животот се зголемени за 0,2 проценти.

Од друга страна, намалување на трошоците на животот е регистрирано кај транспортот, каде што цените се пониски за 0,8 проценти, а кај здравствената заштита за 0,6 проценти. Пад има и кај покуќнината и опремата за домаќинствата за 0,5 проценти, информациите и комуникациите за 0,2 проценти, додека кај рестораните и услугите за сместување цените се намалени за 0,1 процент.

Во групата осигурување и финансиски услуги цените останале непроменети.

Според индексот на цените на мало, во февруари 2026 година тие се на ниво од 99,7 во однос на јануари, што укажува на мало месечно намалување.

Податоците покажуваат дека на годишно ниво најголем раст има кај земјоделските производи со цените повисоки за 3,4 проценти. Следат прехранбените производи со раст од 3,3 проценти. Кај индустриските производи е забележано зголемување од 2,3 проценти, додека непрехранбените индустриски производи и тутунот поскапеле за 1,9 процент.

Кај пијалаците растот е поскромен и изнесува 1,1 процент.

На месечно ниво, најголемо намалување има кај услугите, каде индексот изнесува 98,8, што значи пад од околу 1,2 проценти, како и кај индустриско-прехранбените производи, каде е забележан благ пад од 0,1 процент. Кај стоките, пак, има мало зголемување од 0,3 проценти.

 

 

 

Клучни зборови

  • годишна инфлација
  • Државен завод за статистика
  • земјоделски производи
  • месечна инфлација
  • февруари
  • цени на храна
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk