Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

22 сеп. 2021 г.·3 мин читање·598 прегледи

Следете не на Viber

Вкупните депозити, во август, остварија раст од 1,8% и 9,9% на месечно и годишно ниво, соодветно. Растот на депозитите е резултат на повисоките депозити кај двата сектора, со поизразено учество во месечниот и годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор.

Во август, вкупните кредити се намалени за 0,3% на месечна основа, во целост како резултат на падот кај кредитите на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, вкупните кредити се повисоки за 6,4%, под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Депозити и кредити на корпоративниот сектор

Во август, вкупните депозити на корпоративниот сектор, бележат раст за 4,0% на месечна основа, како резултат на растот на сите компоненти, кој е најизразен кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута. На годишна основа, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат зголемување за 20,2%, коешто во најголем дел се должи на повисоките депозитни пари и краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при пад на краткорочните депозити во денари.

Кредитите на корпоративниот сектор, овој месец, се намалени за 0,8% на месечна основа, пред сѐ поради падот на кредитите одобрени во странска валута, при помало влијание и на падот на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, кај овие кредити е забележан раст од 4,5%, којшто во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Депозити и кредити на домаќинствата

Кај вкупните депозити на домаќинствата, во август, е забележан месечен раст од 0,9%, којшто во целост се должи на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при остварен пад кај останатите компоненти. Во споредба со истиот месец претходната година, овие депозити се повисоки за 7,4%, под влијание на растот кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута и во денари, додека долгорочните депозити во денари и во странска валута бележат пад.

Во август, кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,2%, како резултат на растот на кредитите во денари и странска валута, којшто е малку поизразен кај кредитите во странска валута. Годишниот раст изнесува 7,9% и се должи на зголемените кредити одобрени во двете валути, со поголем придонес на кредитите во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во август, потрошувачките кредити, како една од најзастапените категории, се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа се повисоки за 6,9%. Станбените кредити се зголемени за 0,6% и 16,2% на месечна и годишна основа, соодветно. Овој месец, кај автомобилските кредити е забележан месечен и годишен пад за 1,1% и 17,5%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,4% и 9,9%, на месечна и годишна основа, соодветно. Негативните салда на тековните сметки, во август, се пониски за 0,2% на месечно ниво, при годишен раст од 1,8%, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад од 1,1% и 27,1%, соодветно.

Линк до извештајот [ т у к а ]

Клучни зборови

  • август
  • депозити
  • кредити
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk