Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Годишен пад на каматите – кредитите поевтини за речиси 0,5 процентни поени

2 мај 2026 г.·3 мин читање·6023 прегледи

Следете не на Viber

Каматните стапки на кредитите продолжуваат да се намалуваат и во март се спуштија на 4,70 проценти, што претставува годишен пад од 0,45 процентни поени. За разлика од нив, каматите на депозитите остануваат практично непроменети, на ниво од 2,18 проценти, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Или додека кредитите постепено поевтинуваат, штедењето останува без значајни поместувања.

Во периодот март 2025 – март 2026 година трендот на намалување кај кредитите е постојан. Просечната каматна стапка опаѓаднала од 5,15 на 4,70 проценти. Тоа значи дека кредитите се поевтини за речиси половина процентен поен во однос на лани, што директно ја олеснува цената на задолжувањето за граѓаните и за компаниите. Инаку, месечната промена е минус 0,03 процентни поени.

Намалување има и кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, но само на месечно ниво – за 0,28 процентни поени. На годишно ниво има раст од 0,15 п.п., а стапката во март изнесува 4,41 процент.

Кај депозитите, пак, движењата се минимални. За еден месец стапката опаднала за 0,01 процентен поен. Во март лани и во март годинава стапката е иста, а највисокото ниво од 2,21 процент е забележано во мај, јули и декември. Со други зборови, штедачите не добиваат поголем стимул за повисоки приноси.

За новите депозити доверени на банките се пресметува просечна стапка од 2,28 проценти, зад која стои месечен пад од 0,13 п.п. и годишен раст од 0,04 проценти поени.

Кај домаќинствата, просечната камата на кредитите се намалила на 5,08 проценти, а проследена е со месечна промена од минус 0,02 п.п. и годишен од 0,43 процентни поени. Причината се лоцира во поевтинувањето на денарските кредити со и без валутна клаузула, како и на девизните кредити. Кај новоодобрените кредити стапката се спуштила на 4,69 проценти (во март се намалила за 0,07 п.п), додека годишна промена – нема.

Што се однесува до каматите на вкупните депозити на домаќинствата, мартовското ниво е 2,11 проценти. Месечниот и годишниот пад се исти – 0,01 процентен поен.

Новите депозити од граѓаните имаат стапка од 2,30 проценти, која е намалена за месечни 0,08 п.п., а на годишна основа е повисока за 0,02 процентни поени.

Кредитните обврски на компаниите во март се намалиле за 0,02 п.п., при што просечната стапка изнесува 4,33 проценти. Движењето е негативно и на годишно ниво, за 0,44 процентни поени. Новите задолжувања исто така се поевтини – за 0,37 п.п., со стапка од 4,25 проценти. Сепак, во текот на едногодишниот период стапката се зголемила за 0,30 процентни поени.

За месечни 0,02 п.п. е повисока просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор и изнесува 2,75 проценти. Годишниот раст е за 0,10 процентни поени.

Каматната стапка на новопримените депозити во март се намалила за 0,29 п.п., додека на годишна основа бележи раст од 0,06 процентни поени. Оваа стапка изнесува 2,20 проценти.

Клучни зборови

  • домаќинства
  • камати за депозити
  • камати за кредити
  • Корпоративен сектор
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk