Со верба дека ќе успеат, иако е пандемија и енергетска криза, во првиот месец од оваа година својата бизнис приказна ја започнаа 656 компании, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк.
Ако се земе во предвид дека минатата година за цела година биле отворени 8.662 компании, или просечно месечно по 722 компании, ова бројка за јануари е нешто под минатогодишниот просек. Но, треба да се земе и предвид дека станува збор за јануари, првиот месец од Новата година, исполнет со многу празници, односно месец кој и не е најфреквентниот во однос на отворање на нови фирми.
И годинава почна со најмногу отворени трговски фирми. Нивниот број е 154. Веднаш зад нив се компаниите со шифра „други услужни дејности“ (73), па компании што се занимаваат со сместување и сервисни дејности со храна (58), па оние со дејност „стручни, научни и технички дејности“ (55).
ТОП 5 дејности каде има новоотворени фирми…