Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Нефункционални кредити ‒ што значат од аспект на банкарските клиенти?

25 мар. 2022 г.·3 мин читање·1547 прегледи

Следете не на Viber

Нефункционалните кредити се меѓу основните термини коишто се користат при анализа на работењето на банките и банкарските ризици. Станува збор за кредити кај коишто, во основа, отплатата од страна клиентите е со одредено временско задоцнување. Вообичаено, регулаторот прецизно го дефинира времето на доцнење при кое кредитот се вклучува во групата на нефункционалните кредити. Најчесто, тоа е доцнење од 90 дена и повеќе.

Согласно со регулативата и барањата на регулаторот, секоја банка мора да издвојува резервации за овие нефункционални кредити, или едноставно кажано резерви со кои се покриваат загубите од евентуална ненаплатливост на кредитот. Вообичаено, како што се зголемува доцнењето, така се зголемуваат и бараните резервации. Овие резервации претставуваат трошок за банката и влијаат врз нејзината добивка, а со тоа на крајот и на нејзиниот капитал, или оценетата потреба за дополнителен капитал.

Од страна на регулаторот, а во нашата земја тоа е Народната банка, со ова регулаторно барање јасно им се укажува на банките дека морат да водат грижа за редовна наплата на кредитите или да издвојат соодветни резервации, коишто во крајна линија ќе ги заштитат билансите на банките, а секако со тоа и депозитите на клиентите.

Што значат нефункционалните кредити гледано од аспект на клиентите на банката кои доцнат со отплатата на кредитот? Редовноста на клиентите во однос на отплатите на добиениот кредит е дел од кредитната историја за тој клиент и таа се евидентира во Кредитниот регистар на Народната банка, како и во Македонското кредитно биро.

Вообичаено, извештајот за кредитната историја, односно за редовноста во отплатите на тековните и претходните кредити е еден од основните документи коишто ги бараат банките при добивање барање за кредит. Следствено, нередовните отплати на кредитите доведуваат до намалени изгледи за добивање нов кредит. Од овие причини, во интерес на клиентите е да водат сметка за секое ново задолжување и за подготвеноста за навремени отплати на земените кредити.

Банките и самите клиенти треба да се грижат за редовна отплата на кредитот, со цел тој да не стане нефункционален. Доколку од некои причини тоа сепак се случи,  постои можноста за реструктурирање на кредитите кога клиентот се соочува или е извесно дека ќе се соочи со финансиски тешкотии. Реструктурирањето најчесто се прави преку промена на некој од основните услови на кредитот (одложување на отплатата на главницата и/или каматата, намалување на каматната стапка, продолжување на рокот на достасување на кредитот и сл.) со цел да му се помогне на клиент кој неочекувано се нашол во потешка финансиска состојба и задоцнил со отплатите. Со ваквите олеснувања, се дава можност кредитот повторно да се врати во редовна динамика на отплата.

 

Што треба да знаете за нефункционалните кредити на банките? 

Нефункционалните кредити најчесто се дефинираат како кредити кај коишто има доцнење во отплатите од страна на клиентот, што најчесто е одредено како доцнење од 90 дена и повеќе. Банките мора да се грижат за спречување или намалување на ваквите кредити, бидејќи тие наметнуваат ризици во нивното работење. Вообичаено, помалото учеството на нефункционалните во вкупните кредити е еден од показателите за помало преземање ризици од страна на  банките, иако постојат и други фактори коишто треба да се земат предвид при анализата на банките. Исто така, регулаторот се грижи за соодветното однесување на банките заради заштита на нивните средства, преку соодветни регулаторни барања. Клиентите, од своја страна, треба да се грижат за навремените отплати на земените кредити, како заради одржување на изгледите за следно задолжување, така и заради соодветно управување со сопствената задолженост.

Клучни зборови

  • Глобална недела на парите
  • нефункционални кредити
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk