Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Гласна порака за еднаквост и инклузија: dm со своето присуство повторно го збогати настанот „Ability Awards“

3 дек. 2025 г.·4 мин читање·2130 прегледи

Следете не на Viber

Како минатогодишен добитник на признанието за општествена одговорност, dm дрогерие маркт и оваа година беше дел од свечениот настан „Ability Awards“. Гала-вечерта, која се одржа на 2 декември во хотелот Хилтон во организација на здружението „Ability net“, го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост, кој се прославува секоја година на 3 декември.

Во фокусот на настанот беше оддавањето признание за општествениот придонес на компаниите, но и славењето на личните успеси и инспиративната сила на десетмина поединци со попреченост, чии достигнувања се вистински пример во заедницата. Во текот на вечерта, гостите имаа чест да уживаат во магични музички изведби што ги допреа срцата, да се восхитуваат на извонредни уметнички изложби што ја разбудија имагинацијата, како и да ги слушнат длабоко инспиративните приказни што ги будат најдобрите човечки квалитети — храброст, упорност и надеж. Дополнително, присутните имаа можност и да се фотографираат во #скрозјас катчето на dm, за гласно и инспиративно да ја пренесат на социјалните мрежи пораката за прифаќање и инклузија.

Иницијативата #скрозјас, која dm ја започна во јануари минатата година, е посветена на тоа да ги слушне, раскаже и прослави уникатните приказни на луѓето кои со гордост ја носат својата автентичност и ја покажуваат најдобрата верзија од себеси. Со оваа кампања, dm има амбиција да инспирира и други да ги откријат своите силни страни, да ја слават својата индивидуалност и храброст, создавајќи енергија која ги носи сите напред. Токму почетокот на оваа кампања која се спроведе во сите dm земји, беше најавен на еден инспиративен настан, заедно со Ема Ананиевска, која со својот талент беше една од првите личности кои ја раскажаа својата #скрозјас приказна.

„Минатогодишното признание ни е постојан извор на мотив и поттик да продолжиме по патеката што ја започнавме. Со секоја нова година, со секој следен чекор, учиме и растеме — а возбудата од тоа што сме дел од оваа значајна вечер ни отвора нови перспективи за прифаќањето и силата на вистинската инклузија. Оваа свеченост не е само потврда на направеното, туку и инспирација да бидеме уште повнимателни, посветени и креативни во нашата мисија да градиме општество каде секој може да напредува и да биде #скрозјас. Заедно, со отворено срце и огромна волја, можеме да го создадеме светот во кој прифаќањето и можностите се реалност за сите.“ изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm

Од dm потенцираат дека „Ability Awards“ за нив претставува многу повеќе од свечена церемонија. Тие ја опишуваат вечерта како моќен потсетник за силата на заедништвото и извор на инспирација, каде се слават оние кои со својата истрајност докажуваат дека не постојат препреки кои не може да се поминат.

Посветеноста на dm кон заедницата е потврдена и со фактот дека само во текот на изминатата деловна година, компанијата инвестираше речиси 7,9 милиони денари  во општествено одговорни проекти и донации.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Ability Awards
  • dm дрогерие маркт
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk