Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Гласен Текстилец“: Пријави од Скопје, Штип и Свети Николе за работа на отворено во горештините

20 јул. 2023 г.·2 мин читање·763 прегледи

Следете не на Viber

Зголемена е свеста и кај работниците и кај граѓаните во однос на (не)почитувањето на препораките  и мерките кои се однесуваат за деновите додека трае топлотниот бран. До Здружението „Гласен Текстилец“ биле адресирани повеќе пријави од Скопје, Штип и Свети Николе.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека од Скопје и Штип во текот на вчерашниот ден имало пријави за градежни и за работници од јавни претпријатија.

„Гледаме да реагираме со Трудовиот инспекторат и за ослободување и на бремените жени, а за хронично болните Министерството за здравство сметаше дека нема потреба да бидат ослободени од работа, вели Ампева за МИА.

Таа додава дека е зголемена свеста кај работниците, но и на граѓаните кои пријавуваат работа на градежните работници на отворено. Таков пример имала вчера од страна на граѓани, кои реагирале дека градежни работници работат на објект, како и дека на терен се и работници од јавни претпријатија од Скопје.

„Граѓаните прашуваат каде да пријават, значи забележуваат дека се прекршуваат правата на работниците и работат на изложеност на сонцето, а се знае од колку до колку не смеат да работат. Многу  ми е мило што самите се јавуваат на телефоните на Трудовиот инспекторат“, посочи Ампева, која додава дека во овој период имаат и добра соработка со инспекторите, кои веднаш реагираат на терен.

„Додека се вршени тие контролни надзори, можам да кажам дека се ослободени голем број бремени жени од текстилниот сектор, потоа има супер маркети, па и во здравствена установа. Но, интересно е дека при тие надзори најдени се и голем број непријавени работници. Така што овде имаме поопсежна работа на терен“, вели Ампева.

Клучни зборови

  • Гласен текстилец
  • градежни работници
  • Кристина Ампева
  • пријави
  • работа на отворено
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk