Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз, проекти коишто ќе ги решат проблемите со јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Град Скопје

15 окт. 2025 г.·3 мин читање·303 прегледи

Следете не на Viber

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во дебатната емисија „Само Вистина” на Канал 5 телевизија, пришто им порача на граѓаните дека функцијата градоначалник на Град Скопје ќе ја извршува транспарентно, со преземање на чекори исклучиво во насока на заштита на интересот на граѓаните.

„За 72 часа, мојот план е да целата механизација од градот Скопје, соработка со општините, но и бизнис заедницата односно општествено одговорни компании и граѓаните сами, да започнеме една темелна активност којашто сум убеден дека за 72 часа ќе завршиме, да го дадеме сјајот на Скопје”, рече Ѓорѓиевски.

Ѓоргиевски се осврна и на решенијата кои тој ги нуди во неговата програма, а се во насока на решавање на проблемот со јавниот превоз и сообраќајниот хаос во градот, при што ги посочи и два проекти како решение за надминување на овие проблеми и тоа градскиот воз и БРТ проектот кој во неговата програма е ревидиран согласно недостатоците во претходно замислениот проект.

„Сум споменувал за одредени недостатоци, а  тоа е линијата према Радишани којашто недостасува во проектот и линијата којашто не го опфаќа Драчево, треба брзо да делуваме да ги отстраниме тие недостатоци и да влеземе во реализација, но тоа не го решава целосно проблемот, нас ни недостасуваат автобуси и нас ни недостасува реализација на она што го започнува Министерството за транспорт, а тоа е воз”, рече Ѓорѓиевски и дополни како е замислено да функционира проектот градски воз во Скопје.

„Надоградба ќе има, во 3 фази е. Првата фаза е поврзувањето и модернизација на пругата Зелениково-Ѓорче Петров, по истата траса. Втората фаза е опфат до Аеродром- Петровец преку Миладиновци и дополнително еден крак којшто ќе води до Карпош. Тоа е инвестиција од Министерството за транспорт, која што логистички ќе ја поддржиме ние целосно како Град Скопје и ќе се приклучиме во реализација на проектот. Суштината е дека ние на граѓаните мораме да им дадеме ефикасни алтернативи надвор од возилата коишто ги користат. Нам не ни е доволно само со автобуски превоз за да го решиме хаосот којшто владее во Скопје години наназад, метро е прескапа инвестиција и не можеме да си го дозволиме тоа. Трасата ќе се користи којашто во минатото се користела до Стара Железничка станица така што апсолутно изводливо е, по ГУП тоа се целосно празни траси коишто ќе може да се употребат за истото”, заврши Ѓорѓиевски.

На крај Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да излезат и да гласаат во недела, да му ја дадат поддршката за неговиот избор да биде финализиран уште во недела, за да се започне со решавање на проблемите во Град Скопје час поскоро.

Клучни зборови

  • вмро-дпмне
  • кандидат за градоначалник
  • Орце Ѓорѓиевски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk