Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПоткаст

ЃОРЃИЕВСКИ во „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: Зошто општините не собираат доволно даноци?

16 фев. 2025 г.·2 мин читање·1912 прегледи

Следете не на Viber

„Некои општини собираат данок на имот блиску до 100 %, а други едвај 0,2 %. Причината? Нема редовна репроценка на даночните вредности. Ако се направи соодветна ревизија, приходите од овој данок може да се зголемат двојно. Но, зошто тоа не се прави? Дали се работи за незаинтересираност или за политичка калкулација?“ Одговорите се во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, каде гостува претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

„Имаме ние друг проблем во однос на даноците, го споменав тоа, мислам дека во првиот дел од денешно гостување, кај вас во емисија, а тоа е нередовното правење на репроценка на данок на имот. Имате состојби во Скопје и во многу други општини, каде што при репроценка евентуална на данок на имот, ние ќе дојдеме до состојба да дупло се собира од сумата која што се собира моментално за данок на имот. И таква состојба имаше во Кавадарци, кај колегата Јанчев, во првата година, мислам дека од неговиот мандат, каде што близу два милиона евра плус собира општината по однос на даноците на имот, откако беше направена репроценка на данокот. Она што го разговаравме со претседателот на Владата, но и со директорот на Катастар во Македонија Живковски, но и со директорката на Управата за јавни приходи да направиме нов систем на којшто бесплатно општините ќе ги добиват податоците и од Управата за јавни приходи, ќе се вкрстуваат практично, но и од Катастарот во Република Македонија, без притоа општината да плаќа за сето тоа, како што е во моментов, состојбата која што ја имаме и поради тоа не се одлучуваат општините да направат репроценка односно да ги добиваат податоците.“

Инаку, поткастот премиерно се емитува во четврток во 12.00 часот, а потоа може да се погледне на Јутјуб каналот на www.pari.com.mk или @parimedium. Секако, оваа содржина е бесплатна, но нас добро би ни дошло ако притиснете „subscribe“ и поченте да не следите.    

Клучни зборови

  • „Каде се парите? со Горан Теменугов“
  • даноци
  • ЗЕЛС
  • каде се парите
  • општини
  • Орце Ѓорѓиевски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk