Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Технологија

ГИТАРИСТОТ НА „КВИН“ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА НАСА: Брајан Меј работеше на враќањето примероци од астероидот Бену на Земјата

28 сеп. 2023 г.·2 мин читање·472 прегледи

Следете не на Viber

Брајан Меј е легенда на рокенролот, но и успешен научник кој е заслужен за помагањето да се донесе првиот примерок од астероид на НАСА. Примерокот од астероидот собран од НАСА е земен од џиновска вселенска карпа која има потенцијал да се судри со земјата некогаш во иднина.Меј, кој, освен што е дел од легендарната постава на Квин е и долгогодишен астрофизичар, кој на овој проект работеше во тимот на НАСА.

Примерокот е добиен со вселенското летало OSIRIS-REx од астероидот Бену блиску до Земјата и полета назад во земјината орбита во неделата, според Си-Ен-Ен.

OSIRIS-REx, што е кратенка од Origins, Spectral Interpretation, Resource Identification, Security, Regolith Explorer, ја напушти планетата во 2016 година и почна да орбитира околу Бену во 2018 година. Го собра примерокот во 2020 година и го започна своето патување од речиси 4 милијарди милји назад во Земјата во мај 2021 година.

Меј рече дека е „неизмерно горд“ што е дел од тимот што го собра примерокот од астероидот Бену.

„Здраво луѓе на НАСА, вселенски фанови, љубители на астероиди. Ова е Брајан Меј од Квин, како што знаете веројатно, но и неизмерно горд што е член на тимот на OSIRIS-REx“, рече 76-годишниот музичар во клип емитуван на ТВ НАСА во неделата.

Вселенското летало OSIRIS-REx прелета покрај Земјата во неделата, седум години откако беше лансиран во вселената за да собере примероци од астероидот Бену блиску до Земјата. Тој го собра примерокот од повеќе од 4,5 милијарди години стар астероид во 2020 година, пред да тргне на повратното патување до Земјата, поточно Јута, во 2021 година.

Меј одигра клучна улога во мисијата, создавајќи стереоскопски слики од податоците на вселенското летало што му овозможи на водачот на мисијата, Данте Лаурета и тимот да лоцираат безбедно место за слетување и да соберат примерок.

Во клипот, Меј се извини што не беше со тимот во значајната прилика.
„Јас вежбам за турнеја на Квин, но моето срце останува со вас додека овој скапоцен примерок е обновен“, објасни тој. „Среќен ден за враќање на примерокот, и честитки до сите кои работат толку неверојатно напорно на оваа мисија, особено на мојот драг пријател Данте“.

Откако ја фрли капсулата примерок во Јута, OSIRIS-REx продолжува со патувањата за проучување на различен астероид, наречен Апофис, соопшти вселенската агенција.

Клучни зборови

  • OSIRIS-REx
  • астероид
  • Бену
  • Брајан Меј
  • Квин
  • наса
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk