Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Поради змии, гигафабриката на Илон Маск ќе мора да почека

9 дек. 2020 г.·2 мин читање·4967 прегледи

Следете не на Viber

Tesla“ мора да ги запре подготвителните работи за изградба на својата фабрика за електрични автомобили во близина на Берлин.

Како што пренесува во вторникот BBC, водечкиот светски произведувач на електрични автомобили ја крчел шумата во близина на германската престолнина за својата прва фабрика на автомобили и батерии во Европа, но противниците на ваквиот потег тврдеа дека тоа ќе ги загрози природните живеалишта на змиите и гуштерите.

Судот во Франкфурт нареди суспендирање на уништувањето на шумите во очекување на нови студии за влијанието врз животната средина.

Слична судска наредба и е издадена и на Тесла на почетокот на годината, кога таа американска компанија ја планираше т.н. гигафабрика во Грунехајде, во источната сојузна држава Бранденбург. Во тоа време, како причина биле наведени загрозувањето на флората и фауната и водоснабдувањето.

Тесла јавно не ја коментира најновата судска одлука што е резултат на судските постапки со Унијата за зачувување на природата и биодиверзитетот (НАБУ) и Зелената лига. Конечната пресуда се уште се чека.

Здруженијата тврдат дека уништувањето на шумите ќе ги уништи живеалиштата на гуштерите и змиите. Двата вида се заштитени. Здружението исто така се грижи дека бучната работа може да ги загрози влекачите за време на зимската хибернација.

„Ниту Тесла не е над законот“, рече Хајнц Хервиг Машер, претседател на Зелената лига.

Илон Маск, шефот на Тесла, во ноември минатата година на сите ѕвона го објави планот за изградба на фабрика што ќе започне со производство на 1 јули 2021 година, со годишно производство од 500 000 автомобили.

Случајот Тесла предизвика големи полемики меѓу конзерватористите и двете партии ЦДУ и ФДП, кои стравуваат дека целата работа може да го наруши имиџот на Германија како земја пријателска за деловни активности.

„Tesla“ ја доби дозволата од германското министерство за природна околина да ги започне работите на локацијата, но „на сопствен ризик“. Планот на американската компанија беше да расчисти земјиште со површина од 300 хектари на коешто се простираат 92 хектари шума, меѓутоа конечното одобрување го даваат локалните власти кои ги уважиле приговорите на еколошките здруженија.

Клучни зборови

  • Германија
  • гигафабрика
  • змии
  • околина
  • Тесла
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk