Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ги ставивме луѓето пред профитот – ЕП усвои Директива за заштита на потрошувачите од нефер трговски практики

18 јан. 2024 г.·3 мин читање·439 прегледи

Следете не на Viber

„Со 593 гласа ЗА парламентот го усвои мојот закон за подолго траење на производите! Денес на индустриjата и рековме доста! Денес ги ставивме луѓето пред профитот!“ – напиша на својот X профил хрватската европратеничка Биљана Борзан откако Европскиот парламент ја усвои Директивата која ги штити потрошувачите во ЕУ од различни нефер деловни практики. Кон нив се приклучуваат и тврдењата за еколошката исправност на производите кои не се засновани на докази, како и продажбата на производи со вградени дефекти, кои поради тоа имаат покус век на траење.

За да стапи во сила, Директивата треба да биде одобрена од Европскиот совет и објавена во Службениот весник на ЕУ. Потоа, во приод од две години секоја земја-членка ќе мора да ја имплементира во своето законодавство.

Оваа обврска се однесува и на земји-кандидати за членство во ЕУ, кои се обврзаа да ги усогласат своите регулативи и практики со европските, врз основа на потпишаните договори за асоцијација. Што значи, тоа се однесува и на Македонија. Кај нас е изработен Предлог закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, кој е доставен до Собранието, но не опфаќа и други производи.

Инаку, целта на европската Директива е да ги заштити потрошувачите од измамничките трговски практики и да им помогне да направат подобар избор кога купуваат производи. Затоа, низа проблематични пазарни практики поврзани со „гринвошинг“ и со брзото расипување на производите ќе бидат додадени на постојната листа забранети деловни практики на територијата на ЕУ.

Директивата инсистира на појасни и повистинити информации наменети за потрошувачите при означувањето на производи. Оттаму, се забранува воопштената употреба на тврдењата од типот „еколошки производ“, „природен“, „биоразградлив“, „климатски неутрален“ и „еко“ – доколку за тоа нема докази – официјални сертификати или процедури востановени од надлежните институции.

Со Директивата акцент се става врз времетраењето на стоките. Во иднина, информациите за гаранција ќе мора да се поистакнати и повидливи. Ќе се креира и нова усогласена ознака за да се означат производите со продолжен гарантен рок.

 

Новите правила забрануваат неосновани тврдења за издржливоста и трајноста на производот, се вели во соопштението на Европскиот парламент. На пример, дека машината за перење ќе издржи 5.000 циклуси на употреба ако тоа во нормални околности не е точно. Потоа, наведувањето на потрошувачите да го заменат стариот апарат со нов пред тоа да биде навистина неопходно, што е често случај со тонерите за печатачи. Се забранува и претставувањето на производите како поправливи, а всушност  не се.

Клучни зборови

  • директива за заштита на потрошувачите
  • европски парламент
  • забрана на нефер трговски практики
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk