Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Германските банки бараат санкциите за Русија да бидат прецизни и недвосмислени

23 фев. 2022 г.·2 мин читање·1169 прегледи

Следете не на Viber

Германските банки во вторникот ги повикаа креаторите на политиката да се погрижат новите санкции против Русија да бидат „прецизни и недвосмислени“, отстранувајќи го секој простор за толкување што може да им отежне на финансиските фирми да ги спроведат.

Изјавата од германското банкарско лоби BdB доаѓа додека амбасадорите на ЕУ во Брисел се очекува да утврдат поширок пакет санкции за Русија откако рускиот претседател Владимир Путин нареди војници во отцепените региони на источна Украина. Министрите за надворешни работи на Европската унија може да донесат одлука за санкциите за Русија по состанокот во Париз уште попладнево.

Од европските банки – најизложени кон Русија се оние во Австрија, Италија и Франција. Заемодавачите низ Европа се подготвуваат за построги санкции насочени кон Русија, а неусогласеноста би ризикувала строги казни.

„За банките, клучно е санкциите да бидат формулирани на доволно прецизен и недвосмислен начин, односно да не оставаат отворени прашања за толкување“, се вели во соопштението на германската банкарска асоцијација.

Од австриската Рајфајзен Банк Интернационал, која има големи операции во Русија и Украина, велат дека бизнисот сега е нормален, но „во случај на ескалација, кризните планови што банката ги подготвуваше во изминатите неколку недели ќе стапат на сила“. Од ИНГ од Холандија, која има големо присуство на Русија, рекоа: „Понатамошна ескалација на конфликтот може да има големи негативни последици“.

Засега банките се во неизвесност додека санкциите не станат конкретни. „Ја следиме ситуацијата“, изјави портпаролот на Европската банкарска федерација во Брисел.

Клучни зборови

  • банкарско лоби
  • владимир путин
  • Германски банки
  • ИНГ
  • Рајфајзен Банк Интернационал
  • русија
  • санкции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk