Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Германската Влада вложува 500 милиони евра во подобрување на системите за вентилација

20 окт. 2020 г.·2 мин читање·853 прегледи

Следете не на Viber

Германската Влада инвестира 500 милиони евра во подобрување на системите за вентилација во јавните згради, со цел да се запре ширењето на корона вирусот. Грантот ќе се искористи за подобрување на циркулацијата на воздухот во јавните канцеларии, музеи, театри, универзитети и училишта.

Приватните компании сè уште не ги исполнуваат условите. Вирусите се шират преку ситните капки наречени аеросоли, а заразените ги издишуваат – особено кога киваат или кашлаат. Студиите сугерираат дека тие можат да останат во воздухот во просторијата најмалку осум минути. Постуденото време носи поголем ризик, бидејќи луѓето поминуваат повеќе време во затворено.

Главната цел е да ги надградите постојните системи, наместо да инсталирате нови, што би чинело многу повеќе.

Во секоја надградба може да се вложат најмногу 100.000 евра. Финансирање е достапно и за сензорите за СО2, кои покажуваат кога воздухот во просторијата е нездрав и застоен. Грантовите ќе се доделуваат од 20 октомври. Владата, исто така, сугерира училиштата, во кои нема централни системи за климатизација, да набават мобилни прочистувачи на воздухот.

Но, многу ќе зависи и од тоа колку лесно може да се вентилираат просториите со едноставно отворање на прозорците.

Германските експерти велат дека уредите кои се потпираат на УВ-светло, јонизација или озон можат да бидат неефикасни против коронавирусот и во некои случаи да го влошат квалитетот на воздухот. Иако бројот на новозаразени е забележлив во Германија, ситуацијата е полоша во Чешка, Холандија и Франција.

Германците, се разбира, веќе подолго време вложуваат максимални напори да спречат ширење на „Ковид-19“, затоа деновиве тие отвораат прозорци повеќе од кога било дома и во канцеларии.

Клучни зборови

  • вирус
  • Германија
  • Германска влада
  • пандемија
  • услови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk