Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Германија води истрага против Google

30 мај 2021 г.·2 мин читање·1644 прегледи

Следете не на Viber

Во последните неколку години, ЕУ го казни Гугл со повеќе од десет милијарди долари поради прекршување на разни деловни правила во работата . Компанијата се најде и под уште една истрага во последните денови. Германија истражува дали Google добил нелегална стратешка предност од добиените кориснички податоци.

Федералната канцеларија за картели (ФЦО) објави дека ќе спроведе истрага против Google, што е во согласност со неодамнешниот амандман додаден во германскиот закон со кој се овозможува „навремено и ефикасно дејствување“ против деловните практики на големите технолошки компании.

Властите предупредуваат дека главните сервиси на оваа компанија како што е Јутјуб, мапите, Андриод и Хром, можат да бидат загрижувачки кога станува збор за односот кон конкуренцијата на сите пазари.

Претседателот на ФЦО, Андреас Мундт додаде дека ќе испита „дали корисниците на услугите на Google имаат доволно избор за тоа како Google ќе продолжи да ги користи нивните податоци“.

ФЦО спроведува две истраги истовремено. Едната против Google во Германија и другата против нивната главна канцеларија во Европа во Ирска.

Измените во германскиот закон за конкуренција им овозможија на властите да бидат значително поефикасни во испитувањето на деловната активност на овие технолошки гиганти. ФЦО исто така започна истрага за деловната активност на Facebook и Amazon.

Европската унија го казни Google со повеќе од десет милијарди долари во изминатите неколку години и дополнително започна уште две истраги поради практиката за рекламирање на содржини на нивните платформи.

Европската комисија досега ја казни оваа компанија трипати заради антиконкурентно однесување, и тоа со 2,7 милијарди во 2017 година, во 2018 година со пет милијарди и во 2019 година со 1,7 милијарди долари. Компанијата отсекогаш ги отфрлаше обвинувањата на Европската комисија, а во 2020 година поднесоа жалба до надлежните лица кои ја донесоа пресудата.

Клучни зборови

  • Google
  • Германија
  • Европската комисија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk