Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ГЕРМАНИЈА СЕ’ ПОМАЛКУ БАРА РАБОТНИЦИ поради послабата активност на домашната економија

18 фев. 2025 г.·2 мин читање·3224 прегледи

Следете не на Viber

Забавувањето на активностите во германската економија ја намали и побарувачката за квалификувана работна сила, објави денеска германскиот институт Ifo, оценувајќи дека проблемот со недостигот е ублажен на краток рок.

Недостигот од квалификувани работници навеле 28,3 отсто од анкетираните компании на почетокот на оваа година, во споредба со 31,9 отсто во октомври, објави германскиот економски институт. „Слабата економија моментално ја намалува побарувачката за квалификувана работна сила, што значи дека недостигот се чувствува нешто помалку“, вели истражувачот на ifo, Клаус Вохрабе.

Сепак, демографските промени остануваат „голем предизвик“ и на подолг рок, недостигот од квалификувани работници повторно ќе заземе посериозни размери.

Во некои сектори се уште има изразен недостиг од квалификувана работна сила. Во услужниот сектор, приближно 35,1 отсто од компаниите имаат потешкотии да најдат квалификувани работници, а овој процент е особено висок во правните и даночните консалтинг (75 отсто), агенциите за вработување и привремени вработувања (62 отсто) и услугите за сместување (42 отсто).

Како што е соопштено, околу 18 отсто од компаниите во германската индустрија сè уште не можат да најдат доволно квалификувани работници, а ситуацијата е особено сериозна во прехранбената индустрија, каде овој процент е 27 отсто, во машинската индустрија 23 отсто, а кај производителите на мебел 23 отсто.

Недостигот од квалификувани работници продолжува да се чувствува во малопродажбата и градежништвото, каде нешто повеќе од една петтина од компаниите пријавуваат тешкотии во пополнувањето на квалификувани позиции, се додава во извештајот.

На крајот на јануари, германската влада ја намали проценката за економскиот раст оваа година од 1,1 на само 0,3 отсто, наведувајќи ја како причина слабеењето на конкурентноста и зголемените геополитички и трговски тензии.

Здружението на индустријата BDI, сепак, процени дека активноста во најголемата економија во еврозоната исто така благо ќе се намали во 2025 година, за 0,1 отсто, предупредувајќи дека Германија е во длабока економска криза.

Доколку се оствари нивната прогноза, тоа би значело дека БДП ќе опаѓа три последователни години за прв пат од обединувањето на Германија. Во 2024 година е намален за 0,2 отсто, покажуваат податоците на Заводот за статистика, а за 0,3 отсто во 2023 година.

Клучни зборови

  • БДП
  • Германија
  • економија
  • индустрија
  • работна сила
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk