Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Меркел денеска треба да го одобри вториот дополнителен пакет од 62,5 милијарди евра

17 јун. 2020 г.·2 мин читање·175 прегледи

Следете не на Viber

Со потегот владата го исполнува вкупниот планиран дефицит за 2020 година во износ од рекордни 218,5 милијарди евра.

Владата на германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да го одобри вториот дополнителен пакет со помош (буџет) од 62,5 милијарди евра, во обид да се избори со економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, јави ДПА.

Со потегот владата го исполнува вкупниот планиран дефицит за 2020 година во износ од рекордни 218,5 милијарди евра, а доаѓа по почетниот дополнителен буџет од 156 милијарди евра, што беше усвоен на крајот на март, наведува германската агенција.

Овој развој на настаните претставува досега најголемо масовно фискално свртување на германската Влада – од земја која се гордееше со својот избалансиран буџет до еден од најголемите потрошувачи во еврозоната во обидот да се избори против економските последици од пандемијата.

Долгот во 2020 година ќе биде пет пати поголем од 2010 година, што е најлоша година од сите претходни финансиски кризи.

Овој потег на владата уште ќе треба да биде одобен и од Долниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот, дополни ДПА.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> [ топ 100 најголеми ]

Клучни зборови

  • Германија
  • ковид19
  • коронавирус
  • меркел
  • мерки
  • пандемија
  • финансиска поддршка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk