Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ГЕРМАНИЈА ОТКРИ 43 МИЛИОНИ ТОНИ ЛИТИУМ – нов глобален играч во енергетиката

29 сеп. 2025 г.·2 мин читање·1139 прегледи

Следете не на Viber

Енергетската транзиција во Европа добива нова димензија – Германија би можела да стане клучен играч на глобалниот пазар на литиум, суровина без која не може да се замисли иднината на батериите и електричната мобилност. Според најновата проценка на меѓународната агенција Sproule ERCE, регионот Алтмарк во покраината Саксонија-Анхалт располага со околу 43 милиони тони еквивалент на литиум карбонат (LCE). Тоа е количина што ја позиционира Германија рамо до рамо со традиционалните литиумски сили како Аргентина, Боливија и Чиле, каде се наоѓа таканаречениот Литиумски триаголник.

Компанијата „Нептун Енерџи“, која има долга историја на работа во Алтмарк преку експлоатација на природен гас, го пренасочува својот фокус кон чисти технологии. Извршниот директор Андреас Шек истакна дека новата проценка го потврдува огромниот потенцијал на лиценцираните области, со што Германија и Европа добиваат сериозна можност за сопствено снабдување со критичната суровина.

Алтмарк со децении е поврзан со производство на природен гас – уште од 1969 година таму се користат геолошките ресурси. Денес, наместо класично рударство или еколошки штетни методи на испарување, „Нептун Енерџи“ се свртува кон директна екстракција на литиум (DLE). Овој процес со помош на јонска размена и адсорпција овозможува изолација на литиум од подземната саламура, со минимално влијание врз земјиштето и околината.

Во август 2025 година компанијата успешно заврши втор пилот-проект користејќи DLE технологија развиена од партнерот „Лилак“, извлекувајќи литиум карбонат за батерии од геотермалната саламура. Во тек е и трет тест, фокусиран на процес базиран на адсорпција. Доколку бидат обезбедени дозволите за рударство, следниот чекор ќе биде демонстративен објект кој ќе ги обедини екстракцијата, преработката и производството – последна фаза пред започнување на комерцијално производство.

Во моментов, „Нептун Енерџи“ ја има лиценцата за производство „Јитце-Л“ и три лиценци за истражување на литиум – „Милде АЛ“, „Милде ЦЛ“ и „Милде БЛ“. Со ваквиот стратешки пристап, Алтмарк може да стане нов европски центар за литиум и да ја зацврсти независноста на континентот во снабдувањето со материјал кој го движи електричниот век.

Клучни зборови

  • Германија
  • литиум
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk