Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Герхард Фабиш, првиот човек на Штаермеркише Шпаркасе, во Скопје

14 мар. 2025 г.·2 мин читање·955 прегледи

Следете не на Viber

Редовните активности и клучните стратешки иницијативи за идниот раст на Шпаркасе банка беа тема на разговор на Управниот одбор со првиот човек на Steiermärkische Sparkasse, Герхард Фабиш. Неговата посета на Скопје е во рамките на турнејата низ банките и лизинг компаниите – членки на Групацијата во Југоисточниот дел од Европа.

„Разговорите се фокусираа на можностите за унапредување на услугите, подобрување на искуството на клиентите и понатамошно зајакнување на позицијата на Банката на пазарот. Размената на искуства и идеи претставува значаен чекор кон остварување на заедничките цели и зацврстување на соработката во рамките на Групацијата“, посочуваат од Шпаркасе банка.

Исто така, нагласуваат дека од особена важност е тоа што за Фабиш ова е последна официјална посета како главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе. Наскоро ќе се пензионира.

„За нашата Банка е голема чест и привилегија што го пречекавме како гостин, препознавајќи ја неговата извонредна професионалност, знаење и визија. Му искажуваме голема благодарност за долгогодишното лидерство и значајниот придонес во развојот на групацијата и му посакуваме многу успех, здравје и благосостојба во новото животно поглавје“, велат од Банката.

Кариерата во Штаермеркише Шпаркасе Фабиш ја почнал како вработен во одделот за анализа, од каде што напредувал до врвната позиција. Претседател на Управниот одбор е од 2004 година. Во УО се и Георг Бухер, Оливер Кропфл и Валбурга Сеидл.

Штаермеркише Шпаркасе годинава одбележува 200 години од формирањето. Станува збор за една од најсилните банкарски групации во Југоисточна Европа. Според податоците од нивната веб-страница, од работењето во 2023 година оствариле добивка од 460 милиони евра, додека оперативната добивка изнесувала 587 милиони евра. Вкупната актива е 21,2 милијарди евра. Има 2.946 вработени распоредени на 233 локации во Австрија и во земјите од Западен Балкан. Услужува повеќе од 980 илјади клиенти.

Во Шпаркасе банка АД Скопје е мнозински акционер со удел од 96,55 отсто од акциите.

Клучни зборови

  • Steiermärkische Sparkasse
  • Герхард Фабиш
  • Шпаркасе банка АД Скопје
  • Штаермеркише Шпаркасе
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk