Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Гересхајмер отвара фабрика во Бунарџик, ќе вработи 400 луѓе

27 апр. 2021 г.·2 мин читање·1289 прегледи

Следете не на Viber

Високи владини претставници на чело со претседателот на Владата Зоран Заев денес ќе бидат присутни на отворањето на фабрика која ќе произведува медицинско стакло за фармацевтската и здравствената индустрија.

Станува збор за германската компанија „Гересхајмер“ со првиот инвестициски циклус во државава кој стартуваше во 2019 и според најавите ќе трае пет години.

Дел од делегацијата која ќе присуствува на свеченото отворање ќе биде и министерот за здравство Венко Филипче, Бектеши, Битиќи како и Јован Деспотовски.

Според кажаното од Заев, оваа компанија планира и втор инвестициски циклус во Македонија кој ќе биде најголемиот досега.

Германскиот инвеститор „Гересхајмер“ за производство на медицинска пластика го означи стартот на изградбата на својата фабрика во зоната Бунарџик во Скопје во октомври 2019.

Премиерот Зоран Заев тогаш наведе дека овој инвеститор ќе го гради капацитетот до крајот на првата половина од 2020, а на почетокот од втората фаза од истата година ќе започне производството. Додаде дека инвеститорот уште сега најавува проширување на инвестицијата и вработување на високостручни профили.

– Инвестицијата ќе се простира на 12.500 метри квадратни. Првите проценки се 400 работни места. Зоната е едно големо градилиште, има 12 нови фабрики. По план треба да има тука вкупно 4.300 работни места. По потпишувањето на протоколот за членство на НАТО пристигна и веста дека „Гересхајмер“ донеле одлука да инвестираат во Македонија. Остваривме рекордна вредност на странски директни инвестиции, работиме на индустријализација со високи технологии и добри платени работни места. Ќе забрзаме во фаќањето приклучок со развиените земји, а младите да го планираат својот живот дома. Инвеститори како „Гересхајмер“ го креваат имиџот на нашата земја и носат повисоки плати, рече тогаш Заев.

Клучни зборови

  • бунарџик
  • гересхајмер
  • нова фабрика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk