Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Инвеститорите тријат раце бидејки Џенерал Моторс купи 11% од „Никола Корп“

10 сеп. 2020 г.·2 мин читање·186 прегледи

Следете не на Viber

Џенерал Моторс објави дека купил 11 процентен удел во американската корпорација „Никола Корп“, која произведува електрични камиони.

Во изјавата на Џенерал Моторс се прецизира дека вредноста на трансакцијата е околу две милијарди долари и дека ќе ги здружи силите со „Никола Корп“ во областа на производство на пикап-камиони, пренесува Ројтерс.

Акциите на „Никола“ по објавувањето на оваа вест скокнаа за повеќе од 30 проценти, на 46,30 УСД, во тргувањето пред официјалниот почеток на берзата.

Двете компании ќе работат заедно на камионот „Никола Баџер“, чие производство се очекува да започне до крајот на 2022 година. Овој камион ќе се натпреварува на пазарот со „Тесла“, како и со електрични камиони планирани од стартапот Ривијан.

Како дел од трансакцијата, Џенерал Моторс ќе добие акции на „Никола“ од новата емисија вредна две милијарди долари и право на едно место во бордот на директори на овој производител на електрични камиони.

Двете компании очекуваат да заштедат 4 милијарди долари за батерии и трошоци за возење и повеќе од една милијарда долари за инженеринг, тестирање и лиценцирање во следните 10 години.

Клучни зборови

  • електрични возила
  • инвестиции
  • никола корп
  • Џенерал Моторс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk