Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Г20 ДРЖАВИТЕ ОСТАНАА ПОДЕЛЕНИ околу оданочувањето на супербогатите

29 јул. 2024 г.·2 мин читање·576 прегледи

Следете не на Viber

Најголемите 20 економии во светот не успејаа да се договорат околу оданочувањето на најбогатите во светот на самитот на министрите за финансии на Г20 државите, што заврши во бразилскиот град Рио де Жанеиро. Министрите за финансии од земјите на Г20 се согласија да работат на ефективно оданочување на супербогатите, се вели во изјавата усвоена во петокот по состанокот.

Трнливата тема за справување со милијардерите кои затајуваат данок доминираше на дводневниот состанок во бразилскиот град, кој ќе биде домаќин на следниот самит на Г20 во ноември.

Бразилскиот министер за финансии Фернандо Хадад рече дека „од морална гледна точка е важно дваесетте најбогати нации да сметаат дека имаме проблем, а тоа е да имаме прогресивно оданочување на сиромашните, а не на богатите“.

Соединетите држави и Германија ја отфрлија потребата од глобален договор за оданочување на милијардерите, иницијатива која е поддржана од Франција, Шпанија, Јужна Африка, Колумбија и Африканската унија.

„Со целосно почитување на даночниот суверенитет, ќе настојуваме да се ангажираме во соработка за да се осигураме дека поединците со ултра висока нето вредност се ефективно оданочени“, се вели во соопштението.

„Нееднаквостите во богатството и приходите го поткопуваат економскиот раст и социјалната кохезија и ја влошуваат социјалната ранливост“, се додава.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева го поздрави ставот на Г-20 за „даночна правичност“, нарекувајќи ја одлуката за соработка за оданочување на ултрабогатите „навремена и добредојдена“.

Кој стои зад иницијативата? Иницијативата е клучен приоритет за бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој оваа година претседава со групацијата на најголемите светски економии.

Лула се надеваше на минимален данок од 2 отсто за богатата елита, но конечната декларација претставува компромис за прашањето што ги подели земјите-членки.

Според извештајот на францускиот економист Габриел Зукман, нарачан од Бразил, милијардерите во моментов плаќаат даноци во еквивалент на 0,3% од своето богатство.

Данокот од 2% ќе собере помеѓу 200 милијарди долари и 250 милијарди долари годишно на глобално ниво од околу 3.000 поединци. Парите би можеле да ги финансираат јавните услуги како што се образованието и здравствената заштита, како и борбата против климатските промени, се вели во извештајот.

Клучни зборови

  • Г20
  • данок
  • Луис Инасио Лула да Силва
  • Рио де Жанеиро
  • супербогати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk