Одредување на движењето на цената на некоја финансиска актива претставува една од најкомплексните и најважните активности при процесот на инвестирање или тргување. Инвеститорите користат најразлични алатки и методи за дефинирање на стратегија со која би можеле успешно да го предвидат движењето на вредноста на активата. Меѓутоа, развојот на соодветна стратегија и спроведување на детална анлиза наметнува потреба за користење на голем број вреодостојни податоци кои не се секогаш достапни.
Може да се каже дека во нормални околности, процесот за инвестирање би се состоел од неколку чекори и тоа: идентификување на можна актива, анализирање на активата, дефинирање на соодветна стратегија, тестирање и прилагодување на стратегијата и одлука дали да се инвестира во конкретната актива. Вака дефинираниот процес м…