Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПоткаст

ФРАГМЕНТАЦИЈА И РИЗИЦИ ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА – Анита Ангеловска Бежоска во „Каде се парите?“

21 сеп. 2025 г.·2 мин читање·1391 прегледи

Следете не на Viber

Фрагментацијата на глобалната економија веќе не е хипотеза – таа се случува. Новите геополитички поделби создаваат трговски и технолошки блокови во кои има сè помалку трговска и технолошка размена. Според ММФ, економскиот раст во најлошото сценарио може да падне и до 12% на светско ниво ако продолжи технолошката изолација. Македонија, како мала и отворена економија со блиску 150 отсто изложеност од својот БДП, е особено ранлива на вакви глобални текови. За ова зборуваме со поранешната гувернерка на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска која во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ за првпат се појавува во јавноста откако не е на функцијата прв човек на Централната банка.

„Според проценките на Меѓународниот монетарен фонд, ефектот не би бил незначаен, ефектот би бил особен изразен. Тие проектираат можен пат на економската активност од 0,2% до околу 7%, значи понизок економски раст, а дури доколку овие процеси се проследени со технолошка фрагментација, тогаш можат да достигне и до 12%. Зошто, да се вратам еден чекор поназад? Глобализацијата, односно растечката трговија, со децении наназад имаше бројни предности за глобалната економија. Самата економска, трговска, финансиска, технолошка интеграција на земјите во светот, придонесе, всушност има истражувачки материјали кои што упатуваат на тоа, до значаен раст на светскиот доход, намалување на светската сиромаштија, а особено на намалување на сиромаштијата и зголемување на доходот во помалку развиените економии“.

Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!

 

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • БДП
  • каде се парите
  • ММФ
  • Народна банка
  • поранешната гувернерка
  • централна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk