Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Формирана Групација на увозници на возила: Фокус на екологија и поевтини нови автомобили

8 апр. 2026 г.·3 мин читање·3407 прегледи

Следете не на Viber

Во обид да се засили координацијата и да се решат наталожените проблеми во авто-секторот, во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија и официјално почна да функционира Групацијата на овластени увозници на моторни возила. Ова тело ги обединува клучните компании од секторот со цел поефикасно застапување на нивните интереси и креирање заеднички решенија.

По серија неформални средби и координации, увозниците ја формализираа својата соработка, при што за претседател е избран Благоја Димитровски од „Тојота Авто Центар“, а за потпретседател Ана Јаневска од „Автонова“. Поддршка на новоформираната групација даде и претседателот на Комората, Бранко Азески, кој оцени дека автомобилската индустрија претставува еден од двигателите на технолошкиот развој и иновациите.

Азески нагласи дека за стабилна и предвидлива бизнис-клима неопходни се владеење на правото, функционални институции и доследна примена на принципите на пазарната економија. Во услови на континуирани глобални и домашни кризи, кои траат повеќе од една деценија, според него, државата треба да се фокусира на искористување на своите стратешки предности, како што е географската позиција и поврзаноста преку клучните транспортни коридори.

Главната цел на новата групација е преку системски пристап да се поттикне користењето на понови и еколошки поприфатливи возила. За таа цел, компаниите планираат да работат на прибирање и анализа на релевантни податоци, во соработка со надлежните институции, што би овозможило креирање мерки за намалување на цените на новите автомобили и обновување на возниот парк.

Од секторот посочуваат дека моменталната состојба е далеку од одржлива. Македонија има највисоки увозни царини во регионот, а регулативата дозволува увоз на возила со стандард ЕУРО 4, што значи дека на пазарот се внесуваат автомобили стари и до 20 години, за разлика од соседните земји каде старосната граница е значително пониска. Дополнителен товар претставуваат и даноците поврзани со вредноста и емисијата на CO2, како и недоволно уредената регулатива за електрични возила.

Посебен проблем е и недостатокот на прецизни и ажурирани податоци. Според увозниците, официјалната статистика не ја одразува реалната состојба на пазарот, бидејќи во истата категорија се вклучени различни видови возила, додека детални податоци веќе постојат во институциите, но не се користат доволно систематски.

Дополнително, секторот се соочува и со нелојална конкуренција од продажба на увезени возила преку физички лица, што дополнително го нарушува пазарот.

Со просечна старост на возилата од речиси 20 години, прашањето за загадувањето станува сè поактуелно. Токму затоа, од новоформираната групација очекуваат дека преку координирани иницијативи ќе придонесат за модернизација на возниот парк, намалување на емисиите и создавање поодржлив пазар на моторни возила во земјата

Клучни зборови

  • Групација на овластени увозници на моторни возила
  • Стопанска комора на Северна Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk