Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Формирана е НАТТА – Асоцијација за развој на туристичката индустрија на професионална основа

4 мај 2023 г.·2 мин читање·1237 прегледи

Следете не на Viber

Туристичките агенции и туроператорите се обединуваат во НАТТА, Национална асоцијација формирана во рамките на Стопанската комора. Целта е да се обезбеди поддршка во создавањето услови за развој на модерна, конкурентна, општествено одговорна и одржлива туристичка индустрија, поставена на професионална основа. Каде што членовите ќе имаат компетентна и практична помош при решавањето на проблемит, но и заштита на нивните интереси пред Владата и другите институции.

Конституирањето на НАТТА уследи по одлуката на УО на СКСМ за основање на ова тело. Со своето делување се очекува да овозможи соработка со меѓународни асоцијации и поврзаност со светските трендови и технологии во дејноста, рамноправен и конкурентен однос спрема компаниите од соседството и европските држави и зголемено присуство на македонските туристички агенции на меѓународниот пазар.

За претседател на Управниот одбор на НАТТА е избран Асим Меџедовиќ од ТА „Фибула“, а за потпретседател Кристијан Џамбазовски од ТА „Бохемија“ и хотел „Амбасадор“. Членови на УО се и Александар Кузманоски од ТА “Симониум травел“, Тихомир Пиневски од ТА „Пине Холидејс“ и Ана Таневска Ѓорѓиевска од „Македонијатурист“ АД Скопје.

Од НАТТА посочуваат дека ова е можност за сите туристички агенции да се обратат на вистинската адреса, каде што дејноста добива заслужен третман.

Клучни зборови

  • НАТТА
  • СКСМ
  • Стопанската комора
  • туристичка индустрија
  • УО
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk