Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ford ќе користи роботи за достава на пакети

8 јун. 2020 г.·2 мин читање·391 прегледи

Следете не на Viber

Во блиска иднина пакетите на домашна адреса може да ги доставуваат роботи кои се движат како луѓе. Меѓу првите кои имаат намера своите доставувачи да ги заменат со роботи е компанијата Ford.

Најнапредниот робот којшто се движи како човек го разви компанијата Agility Robotics минатата година. Станува збор за моделот Digit кој има нозе, труп и раце.

Од Agility Robotics предвидуваат дека токму нивните роботи се иднина за многу компании. Ford е првиот купувач на Digit моделот. Американскиот производител на автомобили планира да ги искористи овие роботи зa достава, пренесува Business Insider.

Истражувачите сега работат на подобрување на комуникацијата помеѓу Ford и Digit. Додавањето раце на овој модел на роботи е големо подобрување со оглед дека роботот сега може да се програмира за да носи работи, да ги турка вратите, да стане кога ќе падне, да дигне товар до 20 килограми…

Agility Robotics кон крајот на оваа година планира да почне со испорака на човеколики роботи по цена од шест цифри, а Ford е еден од првите купувачи.

Извор: Бизнис Инфо

Клучни зборови

  • business insider
  • digit
  • ford
  • достава
  • купувачи
  • пакети
  • роботи
  • форд
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk