Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ФОРБС: РУСКИТЕ МИЛИЈАРДЕРИ ЛАНИ СТАНАЛЕ ПОБОГАТИ ЗА 72 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, а најбогат е – некогашниот прв човек на Лукоил

2 апр. 2024 г.·3 мин читање·967 прегледи

Следете не на Viber

Вагит Алекперов, поранешниот претседател на нафтената компанија Лукоил, според магазинот Форбс е најбогатиот човек во Русија. Богатството на Алекперов пораснало од 20,5 милијарди долари на 28,6 милијарди долари во 2023 година и тој првото место на листата го презеде од сега веќе седморангираниот Андреј Мелниченко, кој се збогатил со ѓубрива и чија вредност од 25,2 милијарди долари падна на 21,1 милијарди долари.

Како што објави Форбс, најбогатите Руси во 2023 година го зголемиле своето богатство за 72 милијарди долари во 2023 година и сега вредат вкупно 577 милијарди долари.

Форбс го процени вкупното богатство на руските милијардери на 606 милијарди долари во 2021 година, пред руската инвазија на Украина. Високите цени на суровините во изминатите две години и економскиот раст на Русија фокусиран на војната, кој го намалува влијанието на западните санкции, помогнаа за закрепнување и враќање на таа сума.

Многу руски милијардери станаа мета на западните санкции додека Западот се обиде да го казни претседателот Владимир Путин и неговите блиски соработници поради војната во Украина. Нивното вкупно богатство падна на 353 милијарди долари во 2022 година.

Леонид Микелсон, шеф на рускиот производител на природен гас Новатек, беше рангиран на второто место од Форбс. Неговото богатство порасна за 5,8 милијарди долари на вкупно 27,4 милијарди долари. Форбс објави дека во светот сега има повеќе милијардери – 2.781. Топ 20 на листата го држат најголем дел од богатството, а Алекперов сега е 59-ти во светот.

„Тие се побогати од кога било“, објави Форбс.

Путин повеќе пати се пофали дека западните санкции не успеале да ја уништат руската економија и посочи дека руската економија се проширила побрзо минатата година, со раст на БДП од 3,6 отсто, отколку која било од земјите од Г7 кои се во голема мера одговорни за санкциите.

Руската економија нагло закрепна по падот во 2022 година, но растот во голема мера се потпира на државното производство на оружје и муниција за војната во Украина, прикривајќи ги проблемите што го спречуваат рускиот народ да го подобри својот животен стандард.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува рускиот БДП да порасне за 2,6 отсто оваа година, но предвидува лоша прогноза за економијата во иднина поради одливот на луѓе и недостапноста на технологијата.

Клучни зборови

  • богатство
  • милијардери
  • русија
  • санкции
  • форбс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk