Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Фондација „Трајче Мукаетов“: Стипендии за 40 студенти и две награди за првенците на генерација на Фармација и Медицина

2 дек. 2025 г.·2 мин читање·8285 прегледи

Следете не на Viber

По 20 студенти од Фармацевтскиот и од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје се новите стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ за учебната 2025/2026 година. Исто така, и годинава е обезбедена еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација – Исидора Давитковска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,77) и Јована Цветановска од Медицинскиот факултет (со просек 9,98). И двете стипендистки на Фондацијата што го носи името на долгогодишниот генерален директор на „Алкалоид“, Трајче Мукаетов.

Осумнаесет години оваа Фондација доделува 40 стипендии за студенти од овие два факултети. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

„Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, важноста на човечкиот фактор, а особено на квалитетното образование, станува пресудна. Затоа, образованието не смее да се сведе само на стекнување технички вештини, туку треба да мотивира, да поттикнува критичко размислување, креативност и способност за решавање комплексни проблеми. Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, особено за младите, вистинска чест е да се биде дел од континуирана позитивна приказна на едукација, научна посветеност и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручен кадар и на континуираните вложувања во развој и едукација, денес ’Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави Живко Мукаетов, претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Во осумнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 739 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 151 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.

Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се пресметува линеарно на постојните и на новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.

 

 

Клучни зборови

  • Фондација Трајче Мукаетов
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk