Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија

16 јул. 2025 г.·2 мин читање·2149 прегледи

Следете не на Viber

Flex Credit, еден од најдинамичните финансиски системи во Македонија, оваа година ја организираше својата годишна конференција во Струга каде пред сите вработени и менаџментот беа презентирани рекордни финансиски резултати за првото полугодие од 2025 година.

Со повеќе од 380 вработени и 65 филијали на Flex Credit низ Македонија, дополнети со мрежата од 40 филијали на Земи Пари, Flex Group ги обединува и Flex Broker – брокерско друштво кое преку партнерства со водечките осигурителни компании нуди најдобри осигурителни решенија, како и Flex Pay и NAN. Со ова, компанијата се вбројува меѓу најголемите финансиски работодавци во земјата и продолжува да го зајакнува својот пазарен удел воведувајќи нови услуги, сѐ со цел, да го олесни секојдневието на граѓаните.

Според податоците презентирани на конференцијата, компаниите бележат поголем раст од предвиденото, во споредба со истиот период лани. Паралелно, се проширува и мрежата на филијали, како и портфолиото на услуги преку Flex Pay, кое треба да донесе уште поголема дигитализација и побрзи трансакции за клиентите.

„Резултатите за првата половина на 2025 се најдобар показател дека сме на вистинскиот пат. Нашата стратегија секогаш била фокусирана на потребите на клиентите и на стабилен, одржлив раст. Верувам дека со тим како овој ќе постигнеме уште поголеми успеси во следните години. Овој јубилеј не го гледаме само како потврда на она што го постигнавме досега, туку и како поттик за сè што допрва следува. Со тим од повќе од 380 неверојатни луѓе, со стабилни резултати и со инвестирање во нови технологии, Flex Credit продолжува да го гради својот пат како лидер кој го дефинира финансискиот сектор во Македонија,“ истакна Горан Арсов, ко-сопственик на Flex Credit.

Компанијата најави и нови проекти во рамки на Flex Pay и дополнителни технолошки инвестиции, со кои планира да ја задржи лидерската позиција и да воведе иновативни услуги на пазарот. Flex Credit останува посветена на градење долгорочна доверба со клиентите и на одржување стабилно работно опкружување за сите свои вработени.

Клучни зборови

  • Flex Credit
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk