Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Флекс кредит“ на престижната регионална конференција „Microbalkans 2024“ во Сараево

31 окт. 2024 г.·3 мин читање·1756 прегледи

Следете не на Viber

Претставници на финансиското друштво „Флекс кредит“ предводени од Горан Арсов, косопственик и Јоана Спасовска, генерална директорка, присуствуваат на престижната регионална конференција „Microbalkans 2024“ која денеска и утре се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Конференцијата која ја организира Асоцијацијата на микрокредитни организации на БиХ (AMFI), а со поддршка на Европската Унија, на едно место ги собира клучните и најрелевантни претставници на финансиските и микрофинансиските институции во регионот, но и регулаторите, експерти за дигитална трансформација, правници.

Од земјава покрај Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора, во која е и „Флекс кредит“, во Сараево присуствуваат и претставници од Министерството за финансии и од Народната банка. „Флекс кредит“, како значаен чинител на пазарот на финансиски друштва во земјава, и таму ќе даде свој активен придонес во дебатата, која секако треба да води до решавање на сите предизвици и идниот развој на оваа индустрија.

Соработката меѓу сите чинители на финансискиот пазар е исклучително важна и тоа за „Флекс кредит“ е еден од приоритетите во работењето.

Денешниот, прв ден од конференцијата го отвора Јасмина Селимовиќ, гувернерка на Централна банка на Босна и Херцеговина, а по воведните обраќања, на првиот панел „Дигитализација во микрофинансискиот сектор“ ќе учествува и Радмила Бјељац, извршен директор на „Флекс кредит“ од Босна и Херцеговина. Во таа земја, овој бренд има исклучителни резултати.

Меѓу клучните теми на конференцијата се и: процесот на вклученост на жените во финансиските системи, воведувањето на ЕСГ-стандардите во микрокредитниот сектор и регулаторните рамки.

Целта на конференцијата е да се даде придонес во градењето на имиџот  на микрофинансиските институции, како носители на социјална одговорност и поддржувачи на одржливиот развој, воедно создавајќи услови за подобрување на финансиската инклузија и економскиот развој на регионот. „Флекс кредит“ низ годините се наметна како лидер во делот на оваа групација, воведувајќи нови методи и стандарди за професионално работење. Како одговорна компанија, “Флекс кредит” започнува и со низа проекти  значајни за општеството, како и за јакнење на свеста  кај граѓаните за регулативата и заштитата на личните податоци.

Клучни зборови

  • Microbalkans 2024
  • регионална конференција
  • Сараево
  • ФЛЕКС КРЕДИТ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk