Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Физичките работници се најдефицитарни: Слободни се 2.052 позиции

2 дек. 2025 г.·2 мин читање·1490 прегледи

Следете не на Viber

Стапка од 2,02 проценти кај слободните работни места во земјава регистрирале во Државниот завод за статистика. Или, на крајот од септември немало кадар за вкупно 10.033 работни позиции во земјава. Наспроти тоа, биле пополнети 485.556 работни места.

Податоците се за третото годинешно тримесечје и покажуваат дека најголемиот недостиг на работната сила е забележан кај елементарните занимања, каде што слободни биле 2.052 позиции. Оваа група е најдефицитарна во националната економија. Бројките говорат дека не можат да се задоволат потребите од работници за основни, рутински задачи, кои бараат физички напор.

Меѓу осумте региони, Вардарскиот има највисока стапка на слободни работни места – 2,53 проценти.

Според дејностите, јасно се издвојуваат контрастите: највисоката стапка на слободни работни места од 3,69 проценти е регистрирана во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најниска стапка од 0,22 проценти во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според големината на деловните субјекти, компаниите со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,70 проценти.

(Фото: Freepik)

Клучни зборови

  • Државен завод за статистика
  • елементарни занимања
  • работници
  • слободни работни места
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk