Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

ФИТР: Презентација на 28 предлог – проекти за справување со климатски промени О2/2 

31 авг. 2020 г.·3 мин читање·154 прегледи

Следете не на Viber

Дваесет и осум предлог-проекти од вкупно 39 продолжуваат во фазата на финална селекција на јавниот повик за справување со климатски промени 02-2, кој Фондот за иновации и технолошки развој го реализира во соработка со Програмата за развој на ОН, Министерството за надворешни работи на државата Израел, Министерство за животна средина и просторно планирање на С.Македонија, како и две партнер организации Кајама Центарот за одржлив дизајн од Израел и организацијата Македонија 2025.

Овие проекти од денес, па во следните три дена ќе бидат претставени пред Комисијата за оценување и селекција која е составена со претставници на партнер организациите и надворешни експерти.

Проектите нудат решенија за глобалниот проблем со климатските промени и имаат за цел намалување на негативните последици по јавното здравје. Спроведувањето на овие решенија се очекува да придонесе и кон намалување на севкупните трошпци врз јавните фондови, а кои се предизвикани од загадувањето. Проектите се оценуваат според пет критериуми: влијание на животната средина и справување со климатски промени,  степен на иновативност, квалитет на предлог проект, капацитет на проектниот тим односно конзорциумот и потенцијал на пазарот.

Вредно е да се напомене дека 3/4 од овие проекти доаѓаат од апликанти што за првпат се јавуваат на јавни повици на ФИТР, што говори за брзо-растечкиот интерес и доверба на компаниите и други организации во процедурите што се спроведуваат. Токму во неодамна спроведено истражување на ФИТР, мнозинство од компаниите се изјасниле дека процедурите и критериумите за оценување се јасни и разбирливи за аплицирање.

Инаку, со јавниот повик ќе се финансираат проекти до максимален износ од 30.000,00 (триесетилјади) евра. На овие средства, апликантот треба да обезбеди минимум 15% сопствено финансирање за предвидените активности.

Новина во овој повик е тоа што за компаниите кои се дел од финалната селекција се предвидени и специјални награди и тоа, студиско патување во Израел -“Start-up Nation & Mentorship” за три компании кои се влезени во фазата на финална селекција. Ова вклучува и можност за средба и размена на искуства со водечки компании, акцелератори и хабови во областа на високата технологија и одржливост, а наградата ќе ја обезбедат Кајама центарот за одржлив дизајн од Израел и Министерството за надворешни работи на Израел. Македонија 2025 пак обезбедува договор за екстензивно партнерство за идно менторирање, консултации или друг тип на услуга за време на имплементацијата на проектот, за еден од тимовите кои се влезени во фазата на финална селекција.

Заради пандемијата со КОВИД 19 и интересот да се обезбеди менторска поддршка за подготовка на апликациите, јавниот повик беше ре-објавен на 02 јуни, со траење до 20 јули 2020 година. Ова е втор повик на ФИТР наменет за проекти наменети за заштита на животната средина.

Клучни зборови

  • јавно здравје
  • пандемија
  • практикант
  • предлог проект
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk