Не е лесно да се работи во Македонија, е една од најчестите поплаки на лицата кои, пливајќи во бизнис водите, се обидуваат да се одржуваат на површината. За тие води забележуваат дека се толку матни, што го отежнуваат пристапот за чесно работење. Прстот се вперува кон нелојалната конкуренција. Кон големиот број неформални вработувања, платите што се исплаќаат во коверт… Згора на сѐ, и високата инфлација, иселувањето, расположливата работна сила која во добар дел не се совпаѓа со потребите на работодавачите и со низа (не)предвидливи случувања кои влијаат на не многу стабилниот деловен амбиент.
Последицата од сето тоа е згаснувањето на бизнисите. Кога здравиот разум ќе каже дека во дадениот момент помало зло е клуч на врата во однос на можноста натамошното работење да е причина за загуби. Сепак, во овој сегмент се провлекува и една позитивна линија. Анализата што ја направи Па…