Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ФИРМИ БЕЗ ВРАБОТЕНИ ИМА И СЕГА, НО ПРЕД 10 ГОДИНИ ги имало како печурки после дожд

5 јун. 2024 г.·3 мин читање·7028 прегледи

Следете не на Viber

За разлика од минатата година кога, како што веќе пишуваше „Пари“, во државава имало 1.535 фирми без вработени, односно само со управител кој не е во редовен работен однос, пред 10 години такви на број ги имало дури 11.579! Во 2014 година тие направиле вкупен промет од 272,7 милиони евра, а лани 41,9 милиони евра.

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: ВО ДРЖАВАТА ИМА 1.535 ФИРМИ БЕЗ ВРАБОТЕНИ, А СВРТЕЛЕ БЕЗМАЛКУ 42 МИЛИОНИ Евра!

Ланската добивка им била 5,2 милиони евра, но „армијата“ од компании без вработни во 2014 година успеала да заработи дури 18,6 милиони евра.

Извор: Бизнис Мрежа

Најголем дел од компаниите само со управители, во 2014 година се регистрирани во секторите трговија на големо и мало, во стручни, научни и технички дејности и во преработувачката индустрија. Токму истото се случува и во 2023 година. Но, промени има во ТОП компаниите по приход и по добивка од ова селектирано друштво на фирми.

Некогашната прва тројка по приход ја сочинуваа Вардар Метал Трејдинг со инкасирани 35,3 милиони евра. Како сопственик на компанијата се водела британската Ријалтио Финанс ЛТД. Втора била Камени Мост Комуникации со приходи од 25,1 милион евра, а трета е  Блек Си Метал Трејдинг со приход од 17,3 милиони евра каде што како сопственик пак се појавила истата британската Ријалтио Финанс ЛТД. Лани пак, во првата тројка беа трговецот со струја Алпик енергија Скопје со приход од 12,1 милион евра, Тхор импекс  со 4,8 милиони евра и  Соравија инвест со 2,3 милиони евра.

Во однос на најпрофитните компании со нула вработени во 2014 година беа: Тимох (издавала на недвижности) со профит од 1,3 милиони евра, Камчев консалтинг со 1,03 милиони евра, а трето било Друштвото за производство, услуги и тргвија „Аикол“ од Штип кое инкасирало профит од 535 илјади евра. Ланските најпрофирми фирми се сосема други: на прво место е Кошаркарскиот клуб Пелистер со профит од 396.000 евра, на второ место е  Монтинг енергетика тиквеш ДОО Скопје со профит од 378.000 евра и на трето е Друштвото за трговија и услуги ПИВАР О6 кое имало профит од 286.000 евра.

Редакција Пари

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • нула вработени
  • фирми со нула вработени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk