Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ЕдукацијаЛичен РазвојФинтек

ФинТек трендови кои претприемачите мора да ги следат во 2020

18 авг. 2020 г.·2 мин читање·54 прегледи

Следете не на Viber

Вештачката интелигенција (ВИ) ни дозволува да водиме бизнис и да разговораме без да бидат засегнати други луѓе. Денес, преку Интернет можеме да имаме разговори со ботови и притоа да направиме огромен број на работи.

Како што се повеќе можности кои ФинТек ни ги дава, стануваат вообичаени, секоја индустрија директно или индиректно засегната, мора постепено да се прилагоди. 2020 ветува големи промени во начинот на кој управуваме, трошиме и пристапуваме до нашите пари.

Минимизирање на традиционалните институции

Неколку видови на финансиски деловни елементи кои ни се дадени од стандардните институции, како што се плати, осигурување и хартии од вредност, ќе стануваат се повеќе автоматизирани. Како што регулирањето и управувањето со ризик за измама, перењето пари и кражба на идентитет, стануваат големи бизниси, компаниите за технологија користат ВИ за борба против овие злосторства побрзо и поефикасно отколку што можат луѓето. Растот на ФинТек предизвикува бран и можности за инвестиции во ретехнолошката област.

Засилување на тргување преку Интернет 

Трговијата со црни кутии е комерцијална, целосно автоматизирана опција за вашите инвестиции. Трговското работење со копирање е во основа следење на инвестициските активности и променување на истите на вашето портфолио. Благодарение на технологијата и онлајн порталите, многу е лесно да се следат вашите омилени инвеститори и да ги копирате нивните инвестициски потези. Не само што може да ви отвори нов свет на инвестиции за кои можеби не сте знаеле, но исто така ќе можете да комуницирате и добиете увид од другите членови во реално време.

Следење на напредоци на криптовалутите  

Во денешниот дигитален свет, финансиските средства можат да се разменуваат за криптовалути кои не се врзани за стандардните валутни системи. Станува збор за отворена администрација со отворен извор кој не бара банки или влади за регулирање или размена, дозволувајќи му на секој да учествува во системот од каде било во светот. Но, бидејќи има толку малку регулативи, вредноста за криптовалутите е секогаш променлива.

Неколку компании се обидуваат да бидат конкурентни со биткоин бидејќи просторот продолжува да се развива. Паметните договори претставуваат една таква иновација, дозволувајќи им на луѓето да влезат во деловни договори преку Интернет. Ова би можело да биде револуционерно кај пазарот за недвижности.

Клучни зборови

  • блокчејн
  • Вештачка интелигенција
  • иновации
  • претприемачи
  • технологија
  • Финтек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk