Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НБ: Финтек секторот ќе ја забрза дигитализацијата во финансиите

22 апр. 2021 г.·2 мин читање·792 прегледи

Следете не на Viber

Во рамките на активностите од процесот на подготовка на Националната стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од стручниот тим на Народната банка одржаа работна средба со претставници на Асоцијацијата на финансиските друштва. Меѓу другото, целта на состанокот беше информирање и дискусија за новите технологии коишто ги применуваат овие финансиски институции, како и за предизвиците со кои се соочуваат тие како понови учесници во финансискиот екосистем.

Во разговорот беше посочено дека брзиот раст на алтернативното финансирање надвор од традиционалните канали, јасно укажува дека постои потреба за зголемување на степенот на финансиско посредување во домашната економија. Притоа, беше нагласено дека дел од финансиските друштва користат дигитални канали и нови бизнис-модели.

Како што беше разговарано на состанокот, Народната банка е активно вклучена во давањето поддршка за развој на финтек-секторот. Соговорниците истакнаа дека се бројни придобивките и можностите за развојот на финтек-секторот во нашата земја, како што е можноста за обезбедување поголем број и подобри услуги, пред сѐ за потрошувачите, но и за малите бизниси. Финтек-секторот има потенцијал да ја зголеми финансиската инклузија, да го зајакне финансискиот систем, како и да придонесе за усогласување на финансискиот систем со меѓународните најдобри практики и може да помогне за интеграција на земјата во Европската Унија.

Народната банка, преку воспоставената Порта за иновации, соработува со сите заинтересирани субјекти, сѐ со цел да го олесни, да го поттикне и да помогне во развојот на иновациите во областа на финансиите. Како дел од активностите во овој сегмент, Народната банка започна и со изработката на Националната стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот со којашто ќе се дефинираат активностите и мерките за забрзување на дигитализацијата и примената на најновите технолошки достигнувања во финансиите. Оттука, и на работната средба беше заклучено дека Народната банка во рамките на своите надлежности останува цврсто на определбата за овозможување отворен дијалог со сите заинтересирани страни коишто преземаат активности за поддршка на финтек-развојот. Преставниците на Асоцијацијата на финансиски друштва ја потврдија подготвеноста за активно учество во подготовката на стратегијата за развој на финтек-секторот, како и споделување искуства, знаења и практики од европските земји со поразвиен сектор на финансиски услуги засновани врз технологија.

Клучни зборови

  • Народна банка
  • средба
  • Финтек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk