Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Финтек програмата за стартапи стартуваше во Битола

15 ное. 2022 г.·3 мин читање·2143 прегледи

Следете не на Viber

Вчера, со обука за Design Thinking од Solveo започна Fintech startup програмата на Преда плус Фондација, на кој му претходеше повик за идеи за првата Fintech стартап програма кој заврши успешно на 7 ноември, со бројни пријавени, по што следуваше  селекцијата на идеи кои влегуваат во втората фаза, а тоа е Design Thinking тренингот кој започна вчера.

Design thinking пристапот е се повеќе популарен помеѓу стартапите, но и во големите мултинационални комапании во кои се почесто има тренд да размислуваат како нив.

За прв пат кај нас, во рамките на Финтек програмата на ПРЕДА плус фондацијата, учесниците имаат шанса да ја поминат оваа обука, која отвара сосем поинакви можности за успех.

Обуката започна вчера и ќе трае во следните 4 денови, ја води тимот на Solveo, а вредноста на обуката која учесниците на програмата ја добиваат бесплатно е 1.000 евра.

„Иако поимот „дизајн„ обично го врзуваме за квалитет на производи или естетика, новиот тренд зборува за целта која дизајнот ја има во промоција на благосостојбата. Таквите врсти на размислувања ги привлекоа менаџерите ширум светот, со цел да ги користат иновациите врзани за нивното работење. Освен во комерцијалниот сектор, овој пристап кој кај нас е малку присутен, може да се користи и во државните институции, има примена во НВО секторот, па и во финансиските услуги. Среќни сме што за прв пат ваква обука носиме во Битола, бесплатна е и ги развива капацитетите на овие млади луѓе да индицираат проблеми, да им пристапат од различни перспективи и да ги решат на начин кој ќе даде резултати” – истакна Маријана Милевска, директорка на ПРЕДА плус фондацијата, која оваа есен организира за прв пат во Македонија програма за создавање на Финтек продукти кои ќе ја унапредат оваа потентна сфера на финансиски услуги и Македонија ќе ја стават на мапата на држави во кои оваа индустрија зема замав.

Еве ја селектирана група на учесници:

▪️ Microsaving and microinvestment platform

▪️ Non biased insurance platform

▪️ Identity on Blockchain

▪️ Financial controlling tool

▪️ Digital Wallet

▪️ Investing Guide Platform

▪️ Fast money transfer

На крај на овој месец, планиран е и 48 часовен хакатон кој ќе се одржи во неодамна отворениот Финтек хаб на првата македонска Финтек комапнија формирана од домашен капитал-СН финансии која е партнер во овој проект, на кој тимовите ќе ги презентираат проектите на кои започнаа да работат. Најдобрите ќе добијат награда од 3.000 евра, а сите ќе имаат шанса идеите да ги презентираат пред потенцијални инвеститори.

Проектот е поддржан од ЕУ и националните фондови за прекугранична соработка.

Клучни зборови

  • Design Thinking
  • Fintech startup
  • СН Финансии
  • Финтек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk