Првиот збор од насловот – Финансиската технологија, позната и како “Fintech”, е економска индустрија составена од компании кои користат виско развиена технологија за да ги направат финансиските услуги поефикасни. Зборот „Fintech“ всушност се проби во речникот на Оксфорд и се дефинира како „Компјутерски програми и друга технологија што се користи за поддршка или овозможување на банкарски и финансиски услуги“. Од друга страна, Википедија го дефинира „Fintech“ како „Финансиска технологија, која е деловна линија заснована на користење софтвер за давање финансиски услуги. Компаниите за финансиска технологија генерално се стартапи основани со цел да ги нарушат актуелните финансиски системи и корпорации кои помалку се потпираат на софтверот.
Вториот дел од насловот – “Unicorns” со финансиска терминологија означува компанија која во основа е стартап и чија вредност е н…