Читајте квалитетна содржина на порталот ПАРИ – таму каде што информацијата вреди.
Во срцето на Југоисточна Европа, каде што економиите се менуваат брзо и се борат со домашни и глобални предизвици, а пазарите стануваат сè подинамични, банкарскиот сектор оствари исклучителни резултати во 2024 година. Оваа година се смета за една од најуспешните во последната декада за банките во Јадранскиот Регион, со профити коишто достигнуваат рекордни нивоа и активи што го зголемуваат влијанието на банките во економијата.
Но, кои банки доминираат во овој регион? Кои се најголемите играчи според големината на активата и кои успеаја да го зголемат профитот најзначајно? Дали растот на профитите е резултат на паметни стратегии, поволни пазарни услови или нешто сосем друго?
Оваа ексклузивна анализа ја истражува комплексната слика на банкарскиот сектор во земјите од Регионот – од Хрватска и Србија до Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Во продолжение, ги рангираме банките според големина на активата и остварениот профит за 2024 година, со детална споредба што ќе ја открие банката што забележала најголем пораст и го направила најголемиот скок во добивката. Анализираме 40 банки коишто ги објавија финансиските резултати за 2024 година.
Загребачка банка од Хрватска е убедливо најголема банка во Јадранскиот Регион со актива од 21,17 милијарди евра и покрај скромниот раст на средствата од само 3,90 насто минатата година. Хрватските банки ги држат првите три места според големината, со тоа што Ерсте банка, со раст на активата од 14 насто, опасно се доближува до Привредна банка Загреб, која минатата година бележи раст на актив…